Топ-100

ⓘ Free online encyclopedia. Did you know? page 199




                                               

Именка

Именка - менлив збор кој го содржи белегот опредметеност, и може да се јави како подмет, предмет, прилошка определба, именски дел од прирокот, а вршат и атрибутска служба во реченицата. Синтактичките правила за именките се разликуваат од јазик до ...

                                               

Претставка

Претставка или префикс – јазичен елемент што се додава на почетокот на зборот и со него образува нов збор. На пример, кога претставката "не" се додаде на зборот "среќен" се добива зборот несреќен.

                                               

Јазично документирање

Јазично документирање - процес преку кој еден јазик се документира од јазична гледна точка. Целта на документирањето е да даде разбирлив запис на јазичните пракси кои се карактеристични за една зададена говорна заедница. Јазичното документирање с ...

                                               

Пету

Пету - мешан јазик кој се говори во градот Фленсбург во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, северна Германија, на границата со Данска. Претставува мешавина од германски, долногермански, дански и јужнојитски. Има горногерманска лексика но грамати ...

                                               

Портал: Лингвистика/Вовед

Лингвистиката е наука за јазикот со кој комуницираат луѓето. Таа го проучува јазикот како средство за комуникација, а во нејзините рамки, одделно се проучуваат јазичните нивоа, нивната интеракција и различните јазични стилови Лингвистиката е совр ...

                                               

Портал: Лингвистика/Избрана јазична тема

Глаголот е една од зборовните групи на јазикот. Според дефинициите на синтаксата, глаголот е збор што искажува дејство, процес или состојба. Во најголем број од јазиците основната форма на глаголот е инфинитивот, но во некои јазици, како што е ма ...

                                               

Портал: Лингвистика/Избрана статија

Глаголите во македонскиот јазик сочинуваат сложена зборовна група. Според општата класификација, македонските глаголи се менлива група зборови и се обележани за следниве граматички категории: вид, време, начин, лице, род, број, залог и преодност. ...

                                               

Обработка на природни јазици

Автоматската обработка на природни јазици е дисциплина од доменот на лингвистиката, на информатиката и на вештачката ингелиганција, која има за цел создавање апликации и информатички техники за анализа на секој аспект од природниот јазик. Автомат ...

                                               

Поглед

Во психоаналитичката теорија на Жак Лакан, погледот е анксиозната состојба која се појавува со реализацијата дека некој може да биде гледан. Психолошкиот ефект, тврди Лакан, е дека предметот губи одреден степен на автономија после реализацијата д ...

                                               

Аве

Аве! или ауе! e латински израз кај римјаните како поздрав или салутирање, со значење "здраво". Впрочем, ова е еднина од наредбената форма на зборот avere, што значи "да се биде здрав", така што ова буквално би се превело "здравствувај!", налик на ...

                                               

Австроазиски јазици

Австроазиските јазици се голема јазична фамилија во Југоисточна Азија и во Индија и Бангладеш. Покрај сите овие јазици само кмерски јазик, виетнамски јазик и монски јазик имаат долга запишана историја и само виетнамскиот и кмерскиот се службени ј ...

                                               

Дравидски јазици

Дравидските јазици се јазично семејство кое се состои од приближно 85 јазици со вкупно 217 милиони говорници. Се говорат претежно во јужна и делови од источна и средна Индија како и североисточна Шри Ланка, Пакистан, Непал, Бангладеш, Авганистан, ...

                                               

Индоариски јазици

Индоариските јазици се доминантно јазично семејство на северниот дел од Индискиот Потконтинент. Претставуваат гранка на индоиранските јазици, кои се пак подгрупа на поголемото индоевропско семејство. Говорниците на индоариските јазици по сочинува ...

                                               

Јапонски јазици

Јапонските јазици се јазично семејство каде спаѓа јапонскиот што се говори на главните острови на Јапонија како и рјукјуанските јазици од островската група Рјукју. Поимот "јапонски јазици" го вовел американскиот лингвист Леон Серафим. Заедничкиот ...

                                               

Којсански јазици

Којсански јазици - група јазици во Африка со чкрапави гласови што не припаѓаат на други јазични семејства. Порано се сметало дека тие се генеалошки поврзани, но ова денес е отфрлено. Во групата спаѓаат автохтони јазици од јужна и источна Африка, ...

                                               

Список на јазични семејства

Ова е список на јазичните семејства во светот. Тука се вклучени живите и мртвите јазици, како и јазичните изолати и некласифицирани јазици. За подобра прегледност, јазиците се поделени според континентите каде се говорат истите.

                                               

Туркиски јазици

Туркиски јазици - група јазици, кои се зборуваат во Азија и Источна Европа од околу 157 милиони луѓе. Постојат повеќе шеми на класифицирање во зависност од јазичаричките или географските признаци, а дури и според историски податоци за туркиските ...

                                               

Хмонгмјенски јазици

Хмонгмјенските јазици се јазично семејство во јужна Кина и југоисточна Азија. Со говорат во планинските предели на југот на Кина, во покраините Гуејџоу, Хунан, Јинан, Сечуан, Гуангсји и Хубеј, каде нивните говорници се познати како "ридски народ" ...

                                               

Афроамерикански англиски јазик

Афроамериканскиот мајчин англиски јазик, исто така нарекуван афроамерикански англиски јазик, помалку прецизно црн англиски, црн мајчин, црн мајчин англиски е афроамериканска варијанта на американскиот англиски јазик. Меѓу луѓето некогаш е нарекув ...

                                               

Белоруски дијалекти

Белоруските дијалекти, или дијалектите на белорускиот јазик, се поделени на две основни групи: североисточни и југозападни дијалекти. Овие две групи се поделени меѓусебе од среднобелоруските дијалекти. Дијалектите на белорускиот јазик се разликув ...

                                               

Бислама

Бислама е креолски јазик и еден од двата официјални јазика на Вануату. Јазикот е мајчин јазик за голем дел од урбаното население во државата, а втор јазик за остатокот од населението. Јазикот е креолски и е заснован на англискиот јазик, односно м ...

                                               

Гегиско наречје

Гегиско наречје - едно од двете наречја или облици на албанскиот јазик. Другото е тоскисккото, врз кое се темели стандардниот албански. Гегиското наречје се зборува во северна Албанија, северозападна Македонија, источна Црна Гора, јужна Србија и ...

                                               

Естонски јазик

Естонскиот јазик се говори од околу 1.1 милион луѓе, од кои најмногу живеат во североисточно Европската држава Естонија. Естонскиот јазик припаѓа на финскиот огранок од Угро-Финските јазици. Тој не е поврзан со неговиот јужен соседен јазик латвиј ...

                                               

Етрурски јазик

Етрурски јазик - мртов јазик кој го зборувале древните Етрурци, за кој нема податоци за неговото потекло. Најраспространетата верзија за неговото потекло се јавува со верзијата на Игор Дјанков за сродството со изумрените хуријски и урартски јазиц ...

                                               

Занде-јазици

Јазиците Занде се неколку мошне сродни убангиски јазици кои се зборуваат во Централноафриканската Република, Демократска Република Конго и Судан. Најзастапен е јазикот Занде, со преку милион говорници.

                                               

Иберокавкаски јазици

Иберокавкаски јазици - поим кој е предложен од грузискиот јазичар Арнолд Чикобава, со кој се опфаќаат три засебни јазични семејства кои се зборуваат во Кавказот. Ова предложено јазично семејство ги вклучува: северозападни кавкаски јазици, северои ...

                                               

Јазици на Питкерн

На Питкерн се употребуваат два јазика - англискиот и питкернскиот. Питкернскиот е креолски јазик заснован на англискиот и на тахитскиот како што се зборувале во XVIII век. Денес го зборуваат околу 50 луѓе. Делумното англиско потекло на јазикот се ...

                                               

Ломавренски јазик

Ломавренскиот јазик е речиси изумрен мешан јазик кој го зборува ромскиот народ Боша и е произлезен од контактот помеѓу праромскиот и ерменскиот јазик.

                                               

Оксфордски корпус на англискиот јазик

Оксфордскиот корпус на англискиот јазик - зборовен корпус на англискиот јазик кој го користат изработувачите на Оксфордскиот речник на англискиот јазик и јазичната истражна програма на Издаваштвото на Оксфордскиот универзитет. Ова е најголемиот к ...

                                               

Филипински јазик

Филипинскиот е национален и службен јазик на Филипините, кој е назначен во 1987 со декрет на Филипинскиот устав. Тој спаѓа во групата на австронезиски јазици и е дефакто стандардизирана верзија на тагалошкиот јазик, но дејуре е различен од него. ...

                                               

Хаѕа (јазик)

Хаѕа, или хаѕански, е јазик кој се зборува во регионот на езерото Ејаси во Танзанија. Јазикот го зборува народот Хаѕи. Иако јазикот го зборуваат мал број на луѓе, сепак јазикот е во голема употреба бидејќи и младите генерации го изучуваат и збору ...

                                               

Список на јазици

Ајмарски јазици Алакалуфански јазици Андамански јазици Афроазиски јазици Австро-азиски јазици Арутани-Сапе јазици Амто-мусански јазици Алтајски јазици Араукански јазици Арауански јазици Австралиски јазици Австронезиски јазици Алгикски јазици Арав ...

                                               

Список на јазици по општ број на говорници

Ова е список на јазици кои се поредени по бројот на луѓе кои го користат јазикот како мајчин јазик. Јазиците кои се користат како мајчини од повеќе од 1 милион луѓе се набројани на списокот, и се вметнати како секундарни локации кога ги зборува п ...

                                               

Арамејска граматика

Како и кај останатите семитски јазици, така и кај арамејскиот, морфологијата е заснована на т.н. семитски корен или зборовен корен основно составен од три согласки. Ваквите корени се составени од три согласки и го даваат основното значење на еден ...

                                               

Ацтечка граматика

Ацтечката граматика, или наватлска граматика, ги опфаќа морфолошките, фонолошките, правописните и синтаксните правила според кои функционира јазикот. Наватлскиот јазик е аглутинативен и полисинтетичен јазик.

                                               

Италијанска граматика

Граматиката на италијанскиот јазик има многу сличности со оние на шпанскиот, францускиот и португалскиот јазик кои се дел од Романските јазици. Првата печатена граматика на италијанскиот јазик била онаа напишана од страна на Џован Франческо Форту ...

                                               

Кинеска граматика

Граматиката на кинескиот јазик - тука на стандардниот мандарински - дели слични граматички особености со многу јазични варијанти или дијалекти на кинескиот јазик, различни од оние кај други јазични семејства, и споредливи со сличностите кои ги на ...

                                               

Латинска граматика

Латинскиот, како и сите други стари индоевропски јазици, е високофлексивен, и така има многу флексибилен збороред. Така латнскиот е архаичен по тоа што ги зачувува протоиндоевропските форми. Овој јазик има пет деклинации на именките и четири конј ...

                                               

Македонска граматика

Македонска граматика - дел од науката за македонскиот јазик, позната како македонистика, која ги изучува формите и значењата на граматичките елементи во системот. Македонската граматика се занимава со опишување, изучување и класификација на сложе ...

                                               

Персиска граматика

Граматиката на персискиот јазик е слична на оние на многу други индоевропски јазици, особено на оние од индоиранското семејство. Веќе од среноперсискиот јазик па наваму, јазикот има релативно едноставна граматика, без родови и неколку падежни бел ...

                                               

Српскохрватска граматика

Граматиката на српскохрватскиот јазик е карактеристична по тоа што нема членови за именки, именките имаат седум падежи и има сложени граматички времиња. Именките имаат три рода и два броја. Придавките во српскиот јазик можат да се степенуваат на ...

                                               

Украинска граматика

Украинската граматика е поим со кој се опфаќаат правописните, морфолошките, синтаксните и семантичките правила и прописи на украинскиот јазик. Украинскиот јазик е синтетички јазик, и граматиката на украинскиот јазик е слична со граматиките на ост ...

                                               

Хебрејска граматика

Хебрејската граматика или граматиката на хебрејскиот јазик е мешавина на аналитички и синтетичи елементи. Хебрејската граматика е делумно аналитичка, односно во јазикот има одредени падежни форми на дативот, аблативот и акузативот, но со користењ ...

                                               

Шпанска граматика

Шпански јазик - јазик кој се зборува во Шпанија, Америка и Екваторска Гвинеја. Шпанскиот е флективен јазик, со два граматички рода, разни форми на глаголи, но без деклинација на именки и со поедноставена заменска деклинација. Овој јазик е првиот ...

                                               

Јидиш

Јидиш - горногермански јазик на ашкенашките Евреи во разни делови од светот. Се развил како спој од разни германски дијалекти со примеси од хебрејскиот, арамејскиот и словенскиот лексикон и извесни траги од романските јазици. Јазикот се пишува со ...

                                               

Ладино

Јудеошпанскиот, познат како ладино, а често именуван како јудезмо и слично, е романски јазик кој се развил од старошпанскиот јазик. Јазикот, како дел и од еврејските јазици, е под силно влијание на хебрејскиот и арамејскиот, но и од арапскиот. Ја ...

                                               

Бретонски јазик

Бретонскиот јазик спаѓа во групата на келтските јазици од британската група, и е зборуван од страна на околу 300 000 луѓе претежно во Франција, главно во регионот Бретања.

                                               

Заргароромски јазик

Заргароромски јазик - дијалект на балканскоромскиот јазик којшто се зборува во подрачјето на селото Заргар во покраината Казвин во Иран од страна на околу 160 заргарски семејства. Говорот се зборува и во околните подрачја, како и во Авганистан и ...

                                               

Кетски јазик

Кетскиот е енисејски јазик кој се зборува во Сибир во Русија. Долги години се верувало дека јазикот е јазичен изолат, но денес е познато дека е дел од енисејските јазици. Кетскиот е единствениот жив енисејски јазик, кој е воедно и загрозен во одн ...

                                               

Меѓународна година на домородните јазици

Меѓународната година на домородните јазици е одбележување од Обединетите нации во 2019 година, кое имало за цел да ја подигне свеста за последиците од загрозувањето на домородните јазици низ целиот свет, со цел да се воспостави врска помеѓу јазик ...