Топ-100
Back

ⓘ Војна на невестите е американски комедија– филм од 2009 година. Филмот својата премиера ја имаше на 9 јануари 2009 и забележа успех во киноблагајните. Во главни ..




Војна на невестите
                                     

ⓘ Војна на невестите

Војна на невестите е американски комедија– филм од 2009 година. Филмот својата премиера ја имаше на 9 јануари 2009 и забележа успех во киноблагајните. Во главните улоги како пријателки но и во еден момент непријателки се појавуваат Кејт Хадсон и Ен Хетавеј.

                                     

1. Синопсис

Лив Кејт Хадсон и Ема Ен Хетавеј се најдобри пријателки уште од мали нозе. Одлично се сложуваат и секогаш биле спремни една на друга да си пријдат за помош кога било потребно. Тие исто така делат и еден женски сон – голема, совршена венчавка во најлуксузниот њујоршки хотел, Плаза. И двете го испланирале тој настан до најситни детали, од боја на конфети па сè до количината на калории во шлагот на тортата. Спрема тоа, воошто не е чудно дека и една и другата едвај ја чекаат веридбата, а сега, кога и тоа се случи, се е спремно за случувањето веначвка од соништата’. Инаку, Лив е успешна адвокатка која се навикнала во животот да го добива она што сака, вклучувајќи совршена работа и совршен мажм а Ема е учителка која секогаш ги ставала другите пред себе. Впрочем, и заради тоа тргнуваат стресни и напорни припреми за свадбата, тие двете знаат дека може да рачунаат една на друга и дека заедно ќе го решат секој проблем. А така и беше се додека не дознаа дека заради административни грешки датумите на нивните венчавки се поклопуваат. Ниту една од нив не е спремна на компромис и наскоро Лив и Ема се претвараат во најдобри непријателки, што доводи до низа и ниски удари, кој со текот на времето прераснуват во вистинска војна на невести.

                                     

2. Филмски критики

Сепак, судејќи спрема напишаното на интернет страницата Ротен Томатоес, тоа не беше доволно за спас на Војна на невестите. Критичарите оваа романтична комедија, со оцена од 12% ја сместија на самото дно. Лу Луменик од New York Post според изгледаното напиша вака: Колку е лош овој филм, предвидлив и неивентивен е јасно веќе уште од самиот трејлер.’ Рик Гроен за Globe and Mail изјави: Гледањето на овој филм за мене беше едно од најдосадните искуства во мојот живот. Тоа е како да седите пред расипан телевизор кој непрекинато го прикажува најлошиот ситком.’ Но сепак имаше и позитивни критики, а меѓу нив се најде и Стефан Вити од Newark Star Ledger: Се на се, ова е еден добар чик флик и солиден материјал за прв состанок.’