Топ-100
Back

ⓘ Американец во Париз е американски музички филм на MGM од 1951, инспириран од истоимената оркестарска композиција на Џорџ Гершвин. Во улогите играат Џин Кели, Ле ..




Американец во Париз
                                     

ⓘ Американец во Париз

Американец во Париз е американски музички филм на "MGM" од 1951, инспириран од истоимената оркестарска композиција на Џорџ Гершвин. Во улогите играат Џин Кели, Лесли Керон, Оскар Ливант, Џорџис Гаетреј и Нина Фоч, а филмот бил сниман во Париз. Исто така, филмот е режиран од Винсент Минели според кратко сценариот на Алан Џеј Лернер.

Приказната на филмот е прошарана низ голем број танцови кореографирани од Џин Кели. Меѓу песните се вклучени и "I Got Rhythm", "Ill Build A Stairway to Paradise", "S Wonderful" и "Our Love is Here to Stay". Расплетот на филмот ја вклучува 16 минутната композиција "The American in Paris". Само балетот ја чинел продуцентската куќа повеќе од 500.000 американски долари.