Топ-100
Back

ⓘ Вод на смртта е американски воен филм од 1986, режиран од Оливер Стоун, кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Том Беринџер, Вилјeм Дeфо, Форест ..




Вод на смртта
                                     

ⓘ Вод на смртта

Вод на смртта е американски воен филм од 1986, режиран од Оливер Стоун, кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Том Беринџер, Вилјeм Дeфо, Форест Витекер и Чарли Шин. Овој филм е првиот од трилогијата на Стоун за виетнамската војна. Поради реализмот во прикажувањето на воените дејства и осудата на војната, филмот добил четири награди "Оскар": за најдобар филм, за режија, за звук и за монтажа.

                                     

1. Содржина

Филмот ги прикажува доживувањата на еден мал воен одред во Виетнамската војна во текот на 1967 година. Настаните во филмот се раскажани преку исповедот на младиот доброволец го игра Шин, кој дури откако ќе замине на фронтот сфаќа колку бил наивен неговиот идеализам и колку е страшна војната. Таму, малдиот војник се соочува со дрогата што ја користат војниците, со насилството над цивилното население, итн. Момчето се наоѓа растргнато меѓу двајца пониски офицери, суровиот професионалец го игра Беринџер и хуманиот офицер го игра Дефо.

                                     

2. Надворешни врски

  • Вод на смртта на Allmovie
  • Вод на смртта на Box Office Mojo
  • "Entertainment Weekly" интервју со Стоун
  • Вод на смртта на Семрежната филмска база на податоци англиски
  • Вод на смртта на Rotten Tomatoes.