Топ-100
Back

ⓘ Англискиот пациент е американско-британски филм од 1996 година, заснован на исотимениот роман од канадскиот писател Сри Ланкан. Филмот бил напишан и режиран од ..




Англискиот пациент
                                     

ⓘ Англискиот пациент

Англискиот пациент е американско-британски филм од 1996 година, заснован на исотимениот роман од канадскиот писател Сри Ланкан. Филмот бил напишан и режиран од Антони Мингела, а во главните улоги настапуваат: Ралф Фајнс, Жилиет Бинош, Кристин Скот Томас, Вилијам Дефо итн. Во 1997 година, филмот освоил девет "Оскари", а бил номиниран во вкупно 12 категории, меѓу кои и оние за најдобар филм, за најдобра режија и за најдобра женска споредна улога. За време на снимањето на филмот бил присутен и писателот на романот.

                                     

1. Содржина

Дејтвото на филмот се одвива за време на Втората светска војна и ја прикажува судбината на еден ранет војник, со тешки изгореници по телото, кого сите го нарекуваат "англискиот пациент". Тој, пак, не сака да открие ништо за себе и за својот живот, но во текот на филмот се прикажани повеќе настани од неговото минато и така се дознава дека тој, всушност, е унгарски географ, грофот Ласло де Алмаси го игра Фајнс, кој ја цртал картата на Сахара, а врската со една омажена жена ја игра Скот Томас го довела до сегашната состојба. Во болницата, за ранетиот војник се грижи медицинската сестра Хана ја глуми Бинош, чија животна приказна е прикажана во филмот.

                                     

2. Надворешни врски

  • Англискиот пациент на Box Office Mojo
  • Англискиот пациентt на Allmovie
  • Лазло Алмаси: вистинскиот Англиски пациент
  • Англискиот пациент на Rotten Tomatoes.
  • Англискиот пациент на Семрежната филмска база на податоци англиски