Топ-100
Back

ⓘ Фобетор, во старогрчката митологија, е еден од Онеирите, персонификација на кошмарните соништата. Според Хесиод, Фобетор е син на Никта, божицата на ноќта која ..




                                     

ⓘ Фобетор

Фобетор, во старогрчката митологија, е еден од Онеирите, персонификација на кошмарните соништата.

Според Хесиод, Фобетор е син на Никта, божицата на ноќта која го родила сама, по пат на партеногенеза, додека според Цицерон, татко е Ереб, богот на темнината.

Фобетор има способност да се појавува во светот на смртниците под маската на разни животни и да ја промени нивната форма за да комуницира со нив откако ќе се разбудат. Тој е персонификација на кошмарите и во соништата се појавува во форма на животни и чудовишта.

Меѓу боговите, тој е познат под вистинското име Икел "привид". Заедно со своите браќа, тој престојува во земјата на соништата, дел од подземјето.