Топ-100
Back

ⓘ Фантас во старогрчката митологија е бог на нереалните соништата. Името потекнува од грчкиот јазик, од зборовите со значење, видлив, се појавува, како и замислув ..




                                     

ⓘ Фантас

Фантас во старогрчката митологија е бог на нереалните соништата. Името потекнува од грчкиот јазик, од зборовите со значење, "видлив", "се појавува", како и "замислува", "има визија". Името на Фантас се одржало до денес, па од грчкиот јазик, во речиси сите јазици зборот "фантастично" опишува сè она што е нереално и неверојатно.

                                     

1. Митологија

Онеирите се синови на Хипнос, богот на соништата: Морфеј, Фобетор и Фантас. Сите тројца, секоја ноќ заедно со мајка им Никта доаѓаат и на сите им носат сон. Фантас ги создава нереалните соништа, Морфеј ги обликува соништата, особено на кралевите и јунаците, а Фобетор ги создавал кошмарите. Според Овидиј, исто така, Морфеј бил одговорен за појавувањето на човечките ликови во соништата, а Фобетор и Фантас на животните, предметите, чудовиштата и сл.