Топ-100
Back

ⓘ Блекторн е филм од 2011 година, во режија на Матео Гил. Главните улоги ги толкуваат: Сем Шепард, Едуардо Нориега и Стивен Реј. Филмот Блекторн освоил повеќе наг ..




                                     

ⓘ Блекторн

Блекторн е филм од 2011 година, во режија на Матео Гил. Главните улоги ги толкуваат: Сем Шепард, Едуардо Нориега и Стивен Реј. Филмот "Блекторн" освоил повеќе награди, меѓу кои и "ГОЈА" во 2012 година, во категориите за најдобар снимател, најдобри костими и продукциски дизајн, како и наградата на Здружението на шпанските филмски критичари.

                                     

1. Содржина

Буч Кесиди, под името Џејмс Блекторн го глуми Шепард живее мирен живот во едно зафрлено село во Боливија. Пред да умре, тој сака да си го види семејството и затоа тргнува на пат за дома. Меѓутоа, средбата со еден амбициозен и млад криминалец му ги менува плановите и тој започнува авантура како во деновите кога работел заедно со Санденс Кид.