Топ-100
Back

ⓘ Хијакинт бил божествен херој, син на музата Клио и Пир, кралот на Македонија. Неговиот култ кај Амикле, југозападно од Спарта, датира од микенскиот период. Во м ..




Хијакинт
                                     

ⓘ Хијакинт

Хијакинт бил божествен херој, син на музата Клио и Пир, кралот на Македонија. Неговиот култ кај Амикле, југозападно од Спарта, датира од микенскиот период.

Во митологијата, Хијакинт бил убаво момче и љубовник на богот Аполон, кој исто така бил љубен и од Западниот Ветер, Зефир. Неговата убавина предизвикала кавга помеѓу Зефир и Аполон. Љубоморен бидејќи Хијакинт го преферирал богот Аполон, додека Аполон и Хијакинт се натпреварувале во фрлање на диск Зефир му ја сменил траекторијата на дискот со цел да го убие Хијакинт.

Кога тој умрел, Аполон не дозволил Ад да го однесе момчето во подземниот свет; наместо тоа, тој направил цвет, зумбул, од неговата пролеана крв. Според Овидиј, солзите на Аполон паднале на ливчињата на новоформираниот цвет како знак на неговата тага.