Топ-100
Back

ⓘ Гол пиштол е американски филм од 1988 година, во режија на Дејвид Цукер. Автори на сценариото се Џери Цукер и Џим Абрахамс. Главните улоги ги толкуваат: Лесли Н ..




                                     

ⓘ Гол пиштол

Гол пиштол е американски филм од 1988 година, во режија на Дејвид Цукер. Автори на сценариото се Џери Цукер и Џим Абрахамс. Главните улоги ги толкуваат: Лесли Нилсен, Присила Присли, О.Ј. Симпсон, Рикардо Монталбан итн. Филмот трае 85 минути и е снимен во колор техника.

                                     

1. Содржина

Полицискиот инспектор Френк Дебрин го игра Нилсен е тажен, бидејќи го напуштила жената. Истовремено, во пристаништето е тешко ранет неговиот колега Нордгберг го игра Симпсон, а Дебрин се сомнева дека во тоа е замешан еден богат стопанственик, Винсент Лудвиг го игра Молтанбан, кој пак ја наговорува својата секретарка, убавата Џејн Спенсер ја игра Присли, да се зближи со инспекторот за да ги открие неговите планови.

Во меѓувреме, во градот треба да пристигне англиската кралица Елизабета II, а Дебрин е задолжен за нејзината безбедност. Меѓутоа, за време на свечениот прием, тој прави скандал, поради што е суспендиран од работата. Сепак, Френк не се откажува и дознава дека Лудвиг подготвува атентат врз кралицата. За време на финалниот натпревар во безбол, еден од играчите е хипнотизиран да ја убие кралицата. Френк, се преправа во оперски пејач и влегува на теренот, каде потоа изигрува судија. Во последен миг, тој успева да ја спаси кралицата.