Топ-100
Back

ⓘ Кралско друштво, полн назив: Претседателот, Советот и Членовите на лондонското Кралско друштво за развој на знаењето за природата - национална академија на наук ..




Кралско друштво
                                     

ⓘ Кралско друштво

Кралско друштво, полн назив: "Претседателот, Советот и Членовите на лондонското Кралско друштво за развој на знаењето за природата" - национална академија на науките на Велика Британија и најстара постоечка оргнизација од овој вид во светот. Основано е во 1660 г. со повелба на кралот Чарлс II. Покрај улогата а академија, друштвото претставува советодавно тело на владата и обезбедува средства за научни истражувања за поединци, организации и претпријатија.

Со друштвото управува совет на чие чело стои преседателот согласно низа статути и трајни налози. Советниците и претседателот се бираат од членовите, како и самите членови. Членството моментално брои 1.450 луѓе, при што секоја година се назначуваат до 52 членови. Сите имаат право да ја користат кратенката "FRS" Fellow of the Royal Society, "Член на Кралското друштво" по своето име и презиме. Покрај ова, постојат и кралски членови, почесни членови и странски членови. Странските членови имаат право на кратенката "ForMemRS" Foreign Member of the Royal Society, "Странски член на Кралското друштво".

Почнувајќи од 1967 г. друштвото е сместено на бр. 6–9 од зданието "Карлтон Хаус Терас" во Вестминстер, централен Лондон.

                                     

1. Научна и општествена дејност

Кралското друштво се занимава со низа различни дејности. Има здача да ја поддржува современата наука, распределувајќи приближно 42 милиони фунти на околу 600 дотации за нови и докажани научни работници. Покрај ова, ги поттикнува иновациите, подвижноста и доделува средства за истражна способност. Од наградните средства се финансираат наградите, наградните предавања и медалите, како и курсеви за општење со јавноста и медиумите предвидени за научниците. Средствата за ваквите активности во голема мера ги обезбедува Одделението за деловно работење, иновации и вештини, чија главна дејност се состои во доделување средства стипендии за универзитетски истражувања. Во 2008 г. друштвото го отворило својот Претприемачки фонд, преку кој вложува во нови научни претпријатија.

Преку Центарот за начна политика, друштвото има улога на советодавец на британската влада, Европската комисија и Обединетите Нации и објавува неколку извештаи годишно. Советодавната дејност во служба на британската држава започнала уште од средината на XVIII век на нередовна основа, додека пак во 1800 г. друштвото прераснало редовен советодавен орган на владата.

                                     

2. Издавачка дејност

Во 1665 г. друштвото го вовело првото научно списание во светот, наречено Philosophical Transactions "Филозофски трудови на Кралското друштво" и со тоа ги удрило темелите на рецензијата која денес се применува кај сите стручни списание. Прв уредник бил Хенри Олденбург - првиот секретар на друштвото.

Денес друштвото ги објавува следниве стручни списанија:

  • Biology Letters
  • Proceedings of the Royal Society A
  • Philosophical Transactions of the Royal Society B
  • Interface Focus
  • Biographical Memoirs of Fellows of the Royal Society
  • Royal Society Open Science
  • Philosophical Transactions of the Royal Society A
  • Journal of the Royal Society Interface
  • Notes and Records: the Royal Society journal of the history of science
  • Proceedings of the Royal Society B
  • Open Biology "Отворена биологија"
                                     

3. Надворешни врски

  • Кралско друштво англиски
  • Список на сите членови на Кралското друштво од 1660 до 2007 г. англиски
  • Список на членови на Кралското друштво англиски
                                     
  • Кралско научно друштво во Упсала шведски: Kungliga Vetenskaps - Societeten i Uppsala - најстарата кралска академија во Шведска. Има 50 академици и 100
  • Кралско книжевно друштво англиски: The Royal Society of Literature, RSL - најважната книжевна организација во Велика Британија. Основано е во 1820 г.
  • декември 1772 во градот Лунд, а во 1778 добило кралска повелба од кралот Густав III. Лундски универзитет Физиографија Кралско физиографско друштво шведски
  • Членството е ограничено на 120 академици, сите помлади од 60 години. Воена морнарица на Шведска Кралско друштво за поморски науки шведски англиски
  • Кралско друштво за поморски науки Kungl. Örlogsmannasällskapet Кралско научно друштво во Упсала Kungl. Vetenskapssocieteten i Uppsala Кралско физиографско
  • Претседател на Кралското друштво англиски: President of the Royal Society, PRS - лице кое стои на чело на Кралското друштво во Лондон и академијатата
  • Кралско научно - книжевно друштво во Гетеборг швед. Kungliga Vetenskaps - och Vitterhetssamhället i Göteborg е една од кралските академии во Шведска. Основана
  • астрономско друштво 1820 - 1920 History of the Royal Astronomical Society 1820 1920 Список на NGC објекти Астрономски каталог Кралско астрономско друштво obit
  • круна. Тоа е единствената преостаната зграда од првичниот колеџ. Мрежно место на Друштвото на архитекти Абердин Кралско здружение на архитекти во Шкотска
  • уметностите и науките. Негови поважни награди се: Едингтонов медал, Кралско астрономско друштво 1969 Делингеров златен медал, Меѓународна унија за радионаука
  • на науките, Британското кралско хемиско друштво на Американската национална академија на науките, Американското хемиско друштво и на Француската академија
  • 8  10 6 од вкупната небесна сфера. Стерадијан Просторен агол Квадратните степени во астрономијата - Кралско астрономско друштво на Канада англиски

Users also searched:

виенски валцер,

...
...
...