Топ-100
Back

ⓘ Авијатичарот, филм од 2004. Авијатичарот е американски филм од 2004 година, во режија на Мартин Скорсезе. Главните улоги ги толкуваат: Леонардо Ди Каприо, Кејт ..




                                     

ⓘ Авијатичарот (филм од 2004)

Авијатичарот е американски филм од 2004 година, во режија на Мартин Скорсезе. Главните улоги ги толкуваат: Леонардо Ди Каприо, Кејт Бекинсејл, Џад Ло, Алек Болдвин, Гвен Стефани и Кејт Бланшет. Филмот бил номиниран за наградата "Оскар" во 11 категории, а освоил пет. Исто така, филмот е добитник и на наградата "Златен глобус" во три категории и на наградите на "БАФТА" во четири категории.

                                     

1. Содржина

Филмот е биографска драма, посветена на ликот и животот на режисерот и авијатичар Хауард Хјуз во периодот од доцните 1920-ти до средината на 1940-тите. Приказната започнува кога младиот Хјуз го игра ди Каприо го режира филмот "Ангели од пеколот". Притоа, Хјуз е толку опседнат со тоа снимките на летовите да делуваат уверливо и совршено, што со часови чекал да се создадат идеални услови за снимање. Филмот завршува во 1946 година, кога Хјуз бил во љубовни врски со глумиците Ава Гарднер ја игра Бекинсејл и Кетрин Хепберн ја игра Бланшет.