Топ-100
Back

ⓘ Рт на стравот е американски филм од 1991 година, во режија на Мартин Скорсезе. Главните улоги ги играат: Роберт Де Ниро, Ник Нолти, Џулиет Луис, Џесика Ланг, Ро ..




Рт на Стравот
                                     

ⓘ Рт на Стравот

Рт на стравот е американски филм од 1991 година, во режија на Мартин Скорсезе. Главните улоги ги играат: Роберт Де Ниро, Ник Нолти, Џулиет Луис, Џесика Ланг, Роберт Мичам, Грегори Пек итн.

                                     

1. Содржина

По отслужувањето на долгогодишната робија, Макс Кејди го игра де Ниро се враќа во едно мало место, со намера да му се одмазди на адвокатот Сем Боуден го игра Нолти. Макс бил осуден за силување и претепување на една девојка, но за време на судењето неговиот адвокат Боуден намерно скрил еден важен документ којшто би му помогнал да добие многу помала казна. Првично, Макс ја следи сопругата на Сем, Ли Боуден ја игра Ланг, но подоцна ја запознава нивната ќерка, Даниеле Боуден ја игра Луис. Уште од првиот ден, Сем е вознемирен од присуството на Макс и постојано се обраќа до судот и полицијата со молба да го протераат Макс од градот. Кога сфаќа дека полицијата нема да преземе ништо, бидејќи Макс е слободен граѓанин, со помош на еден свој пријател, Сем се обидува самостојно да се справи со Макс, дури го скршува и законот. Сепак, сите негови обиди завршуваат неславно: Макс успева да ги победи тројцата хулигани, ангажирани од Сем со намера да го претепаат Макс; во друга прилика, Макс ги снима заканите што му ги упатува Сем итн. Макс исто така е немилосрден убиец и силувач. Претходно силувал колешка на Сам и го убил семејното куче на Боуден, што го вознемирува семејството.

Оттука, Сем се одлучува на очајнички чекор - да го убие Макс. За таа цел, тој се преправа дека оди на пат, а всушност, се крие во својот дом, чекајќи да дојде Макс. Тој го остварува овој план со помош на својот пријател Клод Керсек. И навистина, Макс доаѓа, но успева да ги убие слугинката на семејството Боуден и Клод. Исплашеното семејство Боуден бега од градот, засолнувајќи се во малото место, Рт на стравот, но Макс лесно ги открива. Додека семејството Боуден се вози со малиот брод, ненадејно ги напаѓа Макс, семејството е принудено да се бори против него. По долга и мачна борба со него, Сем успева да го совлада Макс и да го спаси семејството, а Макс се удавува во реката.

                                     

2. Улоги

  • Фред Томпсон како Том Бродбент
  • Илиена Даглас како Лори Дејвис
  • Роберт Де Ниро како Макс Кејди
  • Џулиет Луис како Даниеле Боуден
  • Ник Нолти како Сем Боуден
  • Грегори Пек како Ли Хелер
  • Роберт Мичам како Потполковник Елгарт
  • Џесика Ланг како Ли Боуден
  • Џо Дон Бејкер како Клод Керсек