Топ-100
Back

ⓘ Тира, митологија. Тира ја обљубил богот Посејдон, земајќи го обликот на речниот бог Енипеј, кого Тира го сакала и често го посетувала. Од тој однос, Тира тајно ..




                                     

ⓘ Тира (митологија)

Тира ја обљубил богот Посејдон, земајќи го обликот на речниот бог Енипеј, кого Тира го сакала и често го посетувала. Од тој однос, Тира тајно родила близнаци кои ги ставила во чамец, со намера да ги испрати кај нивниот божествен татко. Но, децата ги нашол некој коњар ги зел кај себе, давајќи им ги имињата Пелија и Нелеј. Кога Салмонеј дознал за тоа, је затворил ќерка си, а маќеата Сидера немилосрдно ја колнела. На Тира ѝ ја пресечиле косата, ја тепале и таа морала да ги работи најтешките работи. Нејзините маки траеле сè додека нејзините синови не пораснале и еднаш таа ги препознала и се сретнала со нив. Потоа, тие ја ослободиле мајка си, а Сидера ја казниле за нејзините лоши постапки.

                                     

1. Тира како инспирација

Тира се јавува како лик во две драми на Софокле, за неа се зборува во Хомеровата "Одисеја" XI, 235-259, а митот за неа го обработиле и Каркин и Астидамант Помладиот.