Топ-100
Back

ⓘ Враќање во иднината, филм од 1985. Враќање во иднината - американски филм од 1985 година, во режија на Роберт Земекис, кој е автор и на сценариото, заедно со Бо ..




Враќање во иднината (филм од 1985)
                                     

ⓘ Враќање во иднината (филм од 1985)

Враќање во иднината - американски филм од 1985 година, во режија на Роберт Земекис, кој е автор и на сценариото, заедно со Боб Гејл. Главните улоги ги толкуваат: Мајкл Ј. Фокс, Кристофер Лојд, Леа Томпсон, Криспин Гловер и Томас Ф. Вилсон. Во 1986 година, филмот ја добил наградата "Оскар" за најдобри ефекти, а вкупно освоил 19 награди и имал 26 номинации за разни награди. Во 2007 година, филмот станал дел од Националниот филмски регистер на САД.

                                     

1. Содржина

Средношколецот Марти МекФлај Мајкл Ј. Фокс случајно се враќа во 1955 година, со помош на временската машина, односно ДеЛореан измислена од неговиот пријател, "откачениот" научник Емет Браун Кристофер Лојд. Во тоа време, неговите родители не се заедно и Марти мора да им овозможи тие да се запознаат, зашто само на тој начин ќе може повторно да се врати во своето време и да се спаси од исчезнување. Тој најпрвин се запознава со мајка му, Лорејн Леа Томпсон, која се заљубува во него, но тој прави сè таа да го забележи скромното момче Џорџ МекФлај Криспин Гловер, т.е. неговиот иден татко. Проблемот се состои во тоа што насилникот Биф Танен Томас Ф. Вилсон има аспирации кон мајката на Марти. Затоа, Марти влегува во серија судири со Биф при што е виновен за уништувањето на неговиот автомобил. Конечно, за време на матурската прослава, Биф ја напаѓа мајка му на Марти, а Џорџ Меклфај успева да го победи својот страв и да го нокаутира Биф, со што ја здобива нејзината наклонетост. Џорџ потоа танцува со Лорејн и тие таму за првпат се бакнуваат, додека Марти води перформанса со еден бенд на сцена. Марти исто така се има обидувано да го предупреди Емет за неговата идна смрт во 1985, но Емет не сака ни да ги слушне педупредувањата. Марти е принуден да му напише писмо на научникот за да го предупреди за неговата идна смрт. Така, Марти ја исполнува својата мисија и со тешки маки, тој и докторот Браун успеваат да се вратат во иднината. Емет исто така го слушнал предупредувањето на Марти, и кога либанските терористи ќе го нападнаат, тој успева да преживува бидејќи носи панцир. Научникот потоа го носи Марти дома и заминува во иднината. Марти се разбудува следното утро и наоѓа потполно различна фамилијарна средина. Џорџ е успешен автор, Лорејн е среќна и здрава, а и поранешниот насилник Биф сега работи за Џорџ. Марти се соединува и со неговата девојка Џенифер, но тогаш го пресретнува научникот Емет со својот ДеЛореан, кој инсистира тие да дојдаат со него за да решаат еден проблем со нивните идни деца. Марти, Џенифер и научникот Емет потоа заминуваат во иднината.

                                     

2. Улоги

  • Мајкл J. Фокс како Марти МекФлај
  • Томас Ф. Вилсон како Биф Танен
  • Криспин Гловер како Џорџ МекФлај
  • Џејмс Толкан како Џералд Стрикленд
  • Клаудија Велс како Џенифер Паркер
  • Кристофер Лојд како Емет Браун
  • Марк МекЛур како Дејв МекФлај
  • Леа Томпсон како Лорејн Бејнс-МекФлај
  • Венди Џо Спербер како Линда МекФлај