Топ-100
Back

ⓘ Бакарниот кањон, филм од 1950. Бакарниот кањон - американски филм од 1950 година, во режија на Џон Фароу, според сценариото на Џонатан Латимер, засновано врз ра ..




                                     

ⓘ Бакарниот кањон (филм од 1950)

Бакарниот кањон - американски филм од 1950 година, во режија на Џон Фароу, според сценариото на Џонатан Латимер, засновано врз расказот на Ричард Инглиш. Главните улоги ги играат: Реј Миланд, Хеди Ламар, Мекдоналд Кери, Мона Фримен итн.

                                     

1. Содржина

По завршувањето на Американската граѓанска војна, група војници на Конфедерацијата се обидува да живее нормален живот во малиот град Копер Таун. Меѓутоа, нив постојано ги вознемирува група локални разбојници, предводени од шерифот и неговите помошници. Особено е злогласен заменикот на шерифот Лејн Тревис го игра Кери, а со разбојниците, всушност, раководи убавата и опасна девојка Лиса Росел ја игра Ламар. Поради тоа, поранешните војници тајно го повикуваат Џони Картер го игра Миланд, кој настапува во еден циркус. Најпрвин, Картер ги одбива, зашто со настапот во циркусот тој го крие вистинскиот идентитет, криејќи се од власта. Но, подоцна, заедно со циркусот, тој пристигнува во Копер Таун и веднаш се вљубува во Лиса.