Топ-100
Back

ⓘ Гнасотијата и бесот, филм од 2000. Гнасотијата и бесот - британски документарен филм од 2000 година, во режија на Џулиен Темпл. Во филмот настапуваат: Пол Кук, ..




                                     

ⓘ Гнасотијата и бесот (филм од 2000)

Гнасотијата и бесот - британски документарен филм од 2000 година, во режија на Џулиен Темпл. Во филмот настапуваат: Пол Кук, Стив Џонс, Џон Лајдон, Глен Матлок, Сид Вишис, Малколм Мекларен, итн.

                                     

1. Содржина

Во филмот се зборува за кратката историја на легендарната панк-рок група "Секс пистолс". Притоа, членовите на групата и нивниот менаџер зборуваат за политичкиот амбиент во Англија, во средината на 1970-тите, кога била создадена групата, за новата супкултура, за модните трендови, итн. Исто така, тие ги опишуваат настаните кои довеле до формирање на групата, нивниот молскавичен успех, проблемите со издавачките куќи, медиумите, полицијата и јавноста, меѓучовечките односи во групата, проблемите со дрогата, трагичниот крај на Сид Вишис и распадот на групата за време на нивната американска турнеја.