Топ-100
Back

ⓘ Феба, митологија. Феба традиционално се поврзувала со месечината види Селена, како и кај Мајкл Дрејтон Ендимион и Феба 1595, првата долга обработка на митот за ..




Феба (митологија)
                                     

ⓘ Феба (митологија)

Феба традиционално се поврзувала со месечината види Селена, како и кај Мајкл Дрејтон Ендимион и Феба 1595, првата долга обработка на митот за Ендимион на англиски јазик. Нејзин сопруг бил нејзиниот брат Коеј, со кого имала две ќерки, Лето, која ги родила Аполон и Артемида, и Астерија, ѕвезда-божица која родила само една ќерка Хеката. Со оглед на значењето на нејзиното име и поврзаноста со пророчиштето во Делфи, на Феба веројатно се гледало како на титанска божица на пророштвото и пророчкиот интелект.

Преку Лето, Феба била бабата на Аполон и Артемида. Имињата Феба и Фебиј машки род почнале да се применува како синоними за Артемида и Аполон како и за Селена и Хелиј.

Пророчицата од Делфи во Eumenides, на Есхил самата кажува дека, контролата врз Делфиското пророчиште ја добила од страна на Темида. Г. С. Робертсон, истакнува дека пророчките сили во Делфи, одговараат на три генерации на боговите, "Уран, го дал оракулот на неговата сопруга Геја а Хронос потоа го отстапил на неговата сестра Темида."

Кога му дошло ред Зевс да го даде на подарок, Есхил не можел да рече дека оракулот директно му бил даден на Аполон, кој сè уште не се родил, и како што забележува Робертсон, тука морало да се наметне посредништвото на Феба.