Топ-100
Back

ⓘ Хелиј, митологија. Хелиј е персонификација на Сонцето во грчката митологија. Тој е син на титанот Хиперион и титанката Теја, позната и како Еврифеса и брат на б ..




Хелиј (митологија)
                                     

ⓘ Хелиј (митологија)

Хелиј е персонификација на Сонцето во грчката митологија. Тој е син на титанот Хиперион и титанката Теја, позната и како Еврифеса и брат на божиците Селена, и Еос.

Хелиј е опишан како убав титан крунисан со блескавиот ореол на Сонцето кој вози сончева кочија преку небото секој ден и се враќа од исток. Во Хомеровата химна за Хелиј, се вели дека тој се вози во златна кочија којашто ја влечат коњи Хх 31.14–15 а Пиндар зборува на огнената кочија на Хелиј Олимписка ода 7.71. Подоцна, на коњите им биле дадени имиња поврзани со огнот: Пирос, Еос, Етон и Флегон.

Како минувало времето, Хелиј бил повеќе идентификуван со богот на светлината, Аполон. Сепак и покрај нивниот синкретизам, тие честопати се гледани како двајца различни богови Хелиј бил Титан, додека Аполон бил Олимписки бог. Еквивалент на Хелиј во римската митологија бил Сол.

                                     

1. Имиња

Грчкиот збор ἥλιος е наследениот збор за Сонце, од протоиндоевропскиот збор *seh₂u-el од каде дошол латинскиот збор sol, на санскрит surya, староанглиски swegl, старонордиски sól, велшки haul, итн.

Женските потомци на Хелиј биле наречени Хелијади. Грчкиот бог на сонцето имал различни епитети. Хелиј тесно се поврзувал и понекогаш намерно се идентификувал со Аполон.

Диодор Сицилиски рекол дека на Сицилија Крон Сатурн го викале Хелиј, или сонце, и објаснил дека ова било поради тоа што Сатурн бил највидлив од планетите.

Меѓу другите називи за него се: Хиперион суперус "висок", Електор неизвесна деривација, честопати преведен како "зрачен"; особено во комбинација Хиперион електор, Фетон "блескав", Хекатос.

                                     

2. Грчка митологија

Најпозната приказна за Хелиј е дека на неговиот син Фетон, кој се обидел да ја вози кочијата на неговиот татко но ја загубил контролата и направил пожар на Земјата. Ако Зевс не се замешал со фрлање молња на Фетон, со којашто го убил, сите смртници ќе умреле.

Еден ден Хелиј му дозволил на синот Фајтонт, кој упорно го молел, да ги вози сончевите кочии. Фајтонт сакал на своите сестри Прота и Климена да им покаже каков јунак е, а неговата мајка Рода, го охрабрувала. Но бидејќи не бил доволно снажен да ги држи уздите на белите коњи што неговите сестри ги пресекле, Фајтонт најпрво ги возел многу високо на небото, така што сите трепереле од студ, а потоа толку ниско до земјата што ги спржил полињата. Ѕевс, во напад на лутина го погодил со гром и тој паднал во реката По. Неговите сестри од тага по него, се престориле во тополи на брегот на реката и ронеле солзи од килибар.

Хелиј понекогаш се карактеризирал со епитетот Паноптес "гледа се". Во приказната во Одисеја viii.300ff., Афродита, жената на Хефест, тајно спиела со Арес, но Хелиј ги видел и му кажал на Хефест, којшто ги заробил двајцата љубовници во невидливи мрежи за да ги казни.

Во Одисеја, Одисеј и преживеаните членови на неговиот екипаж стигнале до Тринакија, светиот остров на сончевиот бог, кого Кирка го нарекува Хиперион а не Хелиј. Тука се чувале светите говеда на Сонцето. Иако Одисеј ги предупредил луѓето, кога снемале храна тие ги убиле ги изеле говедата. Ќерките на Хелиј, кои го чувале островот, му кажале на нивниот татко за ова. Хелиј побарал од Зевс да се ослободи од луѓето на Одисеј а тој го уништил бродот со гром, при што загинале сите освен Одисеј.

Митот за Родос,сончевиот остров

Хелиј може да види се што се случува на земјата но не е особено љубопитен - еднаш дури не забележал кога дружината на Одисеј му гиукрала светите говеда. Тој имал неколку стада такви говеда, секое се состоело од 350 глави. Оние на Сицилија ги чувале неговите ќерки Фајтуса и Лампетија а најдоброто стадо го чувал на шпанскиот остров Еритеја. Островот Род е негов личен посед. Се случило кога Ѕевс делел острови и градови на други богови да заборави на него: "Но!" - рекол Ѕевс - "сега ќе мора да почнам од почеток". "Не, господару",одговорил Хелиј учтиво - "денес забележав знаци на нов остров што се појавува во морето најуг од Мала Азија. Ќе бидам задоволен ако го добијам тој остров." Грчки митови, Роберт Грејвс

Атенеј во Гозбата на софистите Deipnosophistae вели дека, на зајдисонце, Хелиј се качува во голем златен пехар и оди од Хесперидите на најдалечниот запад до земјата на Етиопите, со кои ги поминува темните часови. Кога Херакле патувал за Еритреја да го скроти добитокот на Герион, ја минувал на либиската пустина и толку му пречела топлината што исфрлил стрела кон Хелиј, Сонцето. Речиси веднаш ја сфатил грешката и длабоко му се извинил Хелиј кој му ја дал на Херакле златната чаша што ја користел за да плови по морето секоја вечер, од запад кон исток. Херакле ја искористил оваа златна чаша за да стигне до Еритреја.

Со ќерката на морето Персеида, Хелиј станал татко на Ает, на Кирка, Перс брат на Ает и Пасифаја. Другите негови деца се Фетуса "сончева" и Лампетија "сјајна".

                                     

3. Хелиј и Аполон

Хелиј понекогаш се поистоветува со Аполон: "Различните имиња може да се однесуваат на истото битие", забележува Валтер Баркерт, "или пак свесно биле изедначувани, како во случајот на Аполон и Хелиј."

Во Хомеровата литература, Аполон јасно се идентификува како различен бог, со сребрен а не златен лак и без сончевите карактеристики.

Најстарите извори каде Аполон се идентификува со Хелиј се во преживеаните фрагменти на драмата Фетон на Еврипид во говорот на крајот fr 781 N2, Климена, мајката на Фетон, тажи дека Хелиј ѝ го уништил детето, истиот оној Хелиј кого луѓето со право го викале Аполон името Аполон тука го сугерира значењето "уништувач".

Во хеленистичкиот период Аполон во култот станал тесно поврзан со Сонцето. Неговиот епитет Фебус, "сјаен", латинските поети подоцна го применувале за богот на сонцето, Сол.

Идентификацијата станала вообичаена во филозофските текстови и се појавува во пишувањето на Парменид, Емпедокле, Плутарх и Крат од Теба, а се појавува и во некои орфички текстови. Псевдоерастотен пишувал за Орфеј во Катастеризми, дел 24:

"Но откако слегол во Адот заради сопругата и гледајќи ја судбината на оние таму, тој не продолжил да му се поклонува на Дионис, поради кого беше познат, туку помисли дека Хелиј е најголемиот од боговите, Хелиј на кого му се обраќаше и како Аполон. Секоја ноќ кон зората се качуваше на планината Пангајон, чекајќи да изгрее сонцето, за прв да може да го види. Затоа, Дионис му се налутил, ги испратил Басаридите, и како што вели трагичарот Есхил: тие го раскинале и му ги расфрлиле екстремитетите."

Дионис и Асклепиј понекогаш, исто така се идентификувани со овој Аполон Хелиј.

Класичните латински поети името Фебус го користеле за богот на сонцето, од каде доаѓаат подоцнежните наводи во европската поезија за Фебус и неговото возило "кочија" како метафора за сонце. Но во некои митови, Аполон и Хелиј се различни. Богот сонце, синот на Хиперион, со својата сончева кочија, иако честопати нарекуван Фебус "блескав" не бил нарекуван Аполон освен во некоја намерна нетрадиционална идентификација.

Наспроти овие идентификации, Аполон впрочем никогаш не бил опишан од страна на грчките поети дека вози сончева кочија, иако тоа било вообичаена практика кај латинските поети. Оттука, Хелиј се уште е познат како "богот-сонце" – оној кој ја вози кочијата на сонцето низ небото секој ден.



                                     

4. Хелиј и Зевс

Хелиј понекогаш во класичната книжевност се споменува заедно со Зевс. Хелиј се наведува директно како Зевсовото око, или јасно се имплицира дека е тоа. На пример, Хесиод окото на Зевс го опишува како сонце. Оваа перцепција веројатно произлегува од поранешната протоиндоевропска религија, каде сонцето се смета дека е окото на врховниот бог * Dyḗus Ph на tḗr

                                     

5. Култот на Хелиј

Л.Р Фарнел вели "дека обожавањето на сонцето било силно присутно помеѓу луѓето на предгрчката култура, но дека многу мал број на заедници во подоцнежните историски периоди го задржале како некаков моќен фактор на државна религија." Атичките литературни извори имаат тенденција да направат со атинска пристрасност да се гледа на старогрчката религија, а сепак од "Атинјаните не можело да се очекува да се поклонуваат на Хелиј или на Селена," Џ.Барнет забележува дека, "Хелиј бил голем бог на Родос а Селена била обожувана на Елис и на друго место." Во Мир 406-413 на Аристофан се спротивставува обожувањето на Хелиј и Селена како богови претставници на Ахеменидските Персијанци со тоа на посуштинските грчки Олимписки богови; сите докази покажуваат дека Хелиј и Селена биле мали богови за Грците.

"Островот Родос е речиси единственото место каде што Хелиј уживал значаен култ", Баркет тврди стр 174, дека постоел спектакуларен ритуал во кој квадригата, кочија составена од четири коњи, се управувала преку провалии во морето, за да се одбележат маките на Фетон. Нивниот годишен гимнастички турнир се одржувал во негова чест. Колосот од Родос бил посветен на Хелиј кој исто така, имал значаен култ и на акрополот на Коринт.

Доријанците се чини дека го почитувале Хелиј преку култ. Култови на богот-сонце имало во Сикион, Аргос, Ермиони, Епидаур и Лаконија, и како бог се чини дека бил важен во доријанската религија, во споредба со другите делови на Стара Грција.

Во Држава на Платон 516 Б, Хелиј, Сонцето, е симболичен потомок на идејата на Доброто.

                                     

6. Усил

Етрурскиот бог на Сонцето, еквивалент на Хелиј, бил Усил. Неговото име се појавува на бронзениот Дроб на Пјаченца, веднаш до Тиур, месечината. Тој се појавува, воздигнувајќи се од морето, со огнена топка во подадената рака, изгравиран во бронзено огледало во доцен архаичен стил. На етрурските огледала во класичен стил, се појавува со ореол.

                                     

7. Хелиос Мегистос

Во култот од доцната антиката за Хелиос Мегистос "Големиот Хелиј" Сол Инвиктус до сликата на Хелиј нацртани се голем број синкретички елементи, кои се анализирани во детали од страна на Вилхелм Фот

                                     

8. Коњите на Хелиј

Според Хомер: 8-7 век п.н.е.: Абраксас, *Тербео.

Според Овидиј: 1 век п.н.е Фетон ги возел: Пироис "огнен", Еоус "оној што се врти на небото", Етон "вжештен", и Флегон "гори".

                                     

9. Поврзано

  • Хелиополис во Либан
  • Хелиополис, особено
  • Хелиополис во Египет
  • Пет Сонца митологија
  • Црно Сонце митологија
  • Хелиум, хемиски елемент именуван по титанскиот бог Хелиј
  • Сол митологија