Топ-100
Back

ⓘ Ангел, филм од 1982. Ангел е ирски филм на режисерот Нил Џордан од 1982 година. Главните улоги ги толкуваат: Стефен Реа, Вероника Квилиган и Алан Девлин. ..




                                     

ⓘ Ангел (филм од 1982)

Ангел е ирски филм на режисерот Нил Џордан од 1982 година. Главните улоги ги толкуваат: Стефен Реа, Вероника Квилиган и Алан Девлин.

                                     

1. Синопсис

Дејството на филмот се одвива во периодот на големите насилства во Северна Ирска. Дени го игра Реа, саксофонист во една патувачка група, е сведок на бруталните убиства на менаџерот на групата кој е замешан во рекетирање и на една глувонема девојка која била сведок на убиството на менаџерот. Оттогаш, Дени е опседнат со пронаоѓањето на убијците. Неговата опсесија прераснува во толку силен убиствен бес, што на крајот се претвора во ладнокрвен убиец како оние кои настојува да ги пронајде.