Топ-100
Back

ⓘ Американецот, филм од 2010. Американецот - американски филм од 2010 година, во режија на Антон Корбијн, по сценариото на Роуан Џофи. Главните улоги ги играат: Џ ..




                                     

ⓘ Американецот (филм од 2010)

Американецот - американски филм од 2010 година, во режија на Антон Корбијн, по сценариото на Роуан Џофи. Главните улоги ги играат: Џорџ Клуни, Виоланте Пласидо, Текла Ројтен, Паоло Боначели и Ирина Бјорклунд. Филмот се одликува со одличната глума на Клуни, една од најдобрите во неговата кариера, стилизираната режија на Корбијн и прекрасните локации на кои е снимен филмот.

                                     

1. Синопсис

Американецот Џек го игра Клуни се наоѓа на одмор во Шведска, заедно со една убава девојка. Додека шетаат во идиличниот зимски амбиент, непознат човек почнува да пука во Џек, но Џек веднаш го убива, а потоа ги убива својата девојка и помошникот на напаѓачот. Подоцна, во Италија, Џек се состанува со неговиот работодавец Павел, кој му ги дава клучевите од автомобилот и го испраќа да се скрие во малиот град Кастелвекио, советувајјќи го таму да не склучува никакви пријателства. Меѓутоа, Џек се зближува со локалниот свештеник Бенедето го игра Боначели и со проститутката Клара ја игра Пласидо. Тогаш, му се јавува Павел и му дава нова задача во која е вклучена и убавата Матилде (ја игра Ројтен.