Топ-100
Back

ⓘ Во осамено место, филм од 1950. Во осамено место - американски филм од 1950 година, во режија на Николас Реј. Главните улоги ги толкуваат: Хемфри Богарт, Глориј ..




Во осамено место (филм од 1950)
                                     

ⓘ Во осамено место (филм од 1950)

Во осамено место - американски филм од 1950 година, во режија на Николас Реј. Главните улоги ги толкуваат: Хемфри Богарт, Глорија Греам, Марта Стјуарт, Френк Лавџој итн.

                                     

1. Содржина

Една вечер, филмскиот сценарист Диксон Стил посетува ноќен клуб во друштво со неговиот агент Мел Липман. Таму, Диксон започнува кавга со темпераментен млад глумец, а потоа ја поминува ноќта со младата Милдред Еткинсон. Диксон е конфликтна личност и одамна нема напишано добро сценарио, додека Милдред е амбициозна млада девојка која има идеја за филмска приказна. Откако Милдред го напушта станот на Диксон, истата ноќ таа е убиена. За убиството е осомничен Диксон, но во негова заштита стапува сосетката Лорел Греј. Истрагата на убиството ја води стариот познаник на Диксон, детективот Бруб Николај, а во меѓувреме Диксон се зближува со Лорел, која му дава инспирација повторно да почне да пишува.