Топ-100
Back

ⓘ Живот - со шахот е шаховска книга, дело на поранешниот советски и унгарски шахист Андор Лилиентал. Делото претставува збирка од 60 партии, одиграни од страна на ..




Живот - со шахот
                                     

ⓘ Живот - со шахот

Живот - со шахот е шаховска книга, дело на поранешниот советски и унгарски шахист Андор Лилиентал. Делото претставува збирка од 60 партии, одиграни од страна на авторот, до периодот во кој е напишана книгата. Ова дело се појавува и е предмет на споредба со Моите 60 незаборавни партии на Фишер, не само поради бројот на партии, туку и поради пристапот во анализата на партиите, нивниот избор и разновидноста која ја нудат овие 60 партии, во поглед на отворањата, комбинациите во средишницата и големиот број на мотиви, коишто се јавуваат. Книгата е напишана на руски јазик во 1969 година.

                                     

1. Содржина

Делото е поделено на три поглавја, при што последното претставува систематски преглед на отворањата одиграни во партиите.

Првото поглавје претставува автобиографија, која на читателот му овозможува да се запознае со дотогашниот живот, мислењето за шахот и стилот на игра на авторот.

Второто поглавје содржи анализа на шеесетте партии одиграни од страна на авторот во периодот до составувањето на оваа збирка. Меѓу нив, анализирани се партии против 5 светски прваци и шахисти кои своевремено бле во шаховскиот врв, како Рихард Рети, Савели Тартаковер, Мигел Најдорф, Марк Таиманов и други. Неколку од нив биле прогласувани и за најдобри партии на турнирите на кои биле одиграни. За разлика од многу други шаховски книги, кои содржат само победи на авторот на тоа дело, во ова дело, авторот анализирал и 1 пораз против Алехин и 2 реми партии против Алехин и Флор.

Во партиите, Лилиентал одиграл 15 различни отворања, што доволно зборува за неговата разновидност во играта и успешноста на секое одиграно отворање. Најголем број од анализираните партии се развиле по настанувањето на Нимцовичовата одбрана и Староиндиската одбрана, која му овозможува на авторот да се вброи меѓу ретките кои го играле ова отворање со толку голем успех во турнирските партии со најдобрите шахисти во светот. Само 2 партии започнале со Сицилијанска одбрана.

                                     

2. Стил на пишување

"Живот - на шахот" е дело, кое како што вели авторот ја нуди можноста, веќе еднаш човек да се запознае со оваа мудра игра шахот. Естетско делото е одлична литература за љубителите на шахот, која овозможува лесно читање и брзо навлегување во суштината на партиите. Сите партии се нумерирани и воведени со отворањето со кое започнуваат. Сите партии се поткрепени со дијаграми, на кои се претставени сите настанати критични позиции, на позначајните и поефектни партии, авторот дал и подетална анализа.

                                     
  • популарната подкастинг податотека Шахот е кул која на читателите им дава информации за сите новости во нејзиниот живот и сите шаховски достигнувања. Костенјук
  • книга се слуша гласот на вистинскиот Алехин, кој целиот свој живот го посветил на шахот Партиите во делото се дел од златниот фонд на светското шаховско
  • примен со голема почит од гувернерот на градот. Некое време подоцна, тој стигнал во Табриз, каде што бил пречекан од шахот Тахмасп. Иако шахот првично
  • сè, неговото содејство во борбата со шаховскиот клуб од Париз, коешто на пештанскиот триумвират и воопшто шахот во Унгарија им донел голем успех. Но
  • како лекар. Во слободното време, со целата страст му се посветл на шахот Првиот голем успех како шахист, го постигнал со победта на силниот турнир во Нирнберг
  • многу книги со математичка анализа поврзана со шахот од аспект на интуицијата. Тој исто така ја покажал и употребата на Туе - морзеовата низа, со што докажал
  • судриле во битка со 50.000 персиска војска, на која лично и командувал шахот Исмаил. Селим I успешно маневрирал на бојното поле со своите трупи, и освоил
  • Џингис Хан наредил на Субутај и Џебе да го гонат шахот во придружба со околу 20 000 војници. Шахот умерл под мистериозни околности, на мал остров во
  • место со Анатолиј Карпов на турнирот на ѕвездите одигран во Монтреал во 1979 година, еден од најсилните шаховски настани во светот на шахот во 1960 - те

Users also searched:

...
...
...