Топ-100
Back

ⓘ Мало претпријатие. Со цел да се подобри пристапот кон претприемништвото во Европската Унија, да се поедностави законската и политичката средина за малите и сред ..




Мало претпријатие
                                     

ⓘ Мало претпријатие

Со цел да се подобри пристапот кон претприемништвото во Европската Унија, да се поедностави законската и политичката средина за малите и средни претпријатија, како и да се отстранат сите останати пречки за нивниот развој донесен е Актот за мали претпријатија за Европа. Тој претставува сеопфатна рамка за политиката на Европската Унија кон малите и средни претпријатија. Главните приоритети на актот се:

  • пристап до пазари и интернационализација.
  • помал регулаторен товар;
  • пристап до финансии; и
  • промовирање на претприемништвото;

Актот не е законско барање, туку водич кон низа мерки коишто секоја земја треба да ги воведе - прилагодени на нејзините потреби - на патот кон усогласување со законодавството на Европската Унија. Актот за мали претпријатија се потпира на десет принципи со чиешто имплементирање земјите членки на Унијата ќе се справат со пречките кои го ограничуваат потенцијалот за раст на малите и средни претпријатија. Тие десет принципи се:

  • Претприемништво: создавање околина во која претприемачите и семејните претпријатија ќе можат да напредуваат, а претприемништвото да се наградува.
  • Единствен пазар: помагање на малите претпријатија да искористат повеќе од можностите кои ги нуди единствениот отворен пазар.
  • Вештини и иновации: промовирање на сите видови иновации и зголемување на вештините на работната сила во малите претпријатија.
  • Одговорна администрација: јавната администрација да одговара на потребите на малите и средни претпријатија.
  • Интернационализација: охрабрување на малите и средни претпријатија да го искористат растот на глобалните пазари и давање на поддршка во реализација на оваа цел.
  • Опкружување: овозможување на малите претпријатија да ги преобразауваат предизвиците од окружувањето во економски можности.
  • Втора шанса: да им се овозможи втора шанса за успех на искрени претприемачи кои доживеале неуспех.
  • Пристап до финансии: олеснување на пристапот до финансии на малите и средни претпријатија и развој на правно и деловно окружување погодно за нивните посебни барања.
  • Државна помош и јавни набавки: прилагодување на алатките на јавната политика да одговараат на потребите на малите и средни претпријатија, како и олеснување на нивното учество во јавните набавки и подобар пристап до државната помош наменета за мали и средни претпријатија.
  • Прво мисли како мал: проектирање на правила за малите и средни бизниси според овој принцип.
                                     

1. Користена литература

  • "Закон за трговски друштва", Службен весник на Република Македонија, бр. 28/04.
  • Stefanović I., Milišević D. and Miletić S. 2009. "Significance and development problems of SMEs in contemporary market economy", Serbian Journal of Management, 4 1, pp. 127–136.
                                     
  • Претпријатие англиски: Enterprise претставува организациска форма за остварување на материјални добра или услуги наменети за потрошувачот. Претпријатијата
  • Почетоците на ова претпријатие биле уште во 1993 година тогаш Футура претставувала претпријатие кое се знаимавало со трговија на мало Во 1996 Футура преминува
  • година била ко - основач и заменик директор на Хронос Хронос е мало претпријатие за производство на рентген опрема. Во 1998 година, Мелникова го иницирала
  • доброто X на поединечното претпријатие е хоризнонтална линија, што значи станува збор за совршено еластична побарувачка мало покачување на цената доведува
  • уредување на локалниот пат, кој води до изворот на реката и јавното претпријатие кое е задолжено за чување на изворот, но и за други потреби за селата
  • Селижарово руски: Селижарово е населено место со административен статус на мало гратче руски: посёлок городского типа на северозапад на европскиот дел
  • Мириц германски: Müritz, од словенското morcze што означува мало море - езеро во сојузната покраина Мекленбург - Западна Померанија, северна Германија
  • претпријатија не се исплаќаат веднаш, туку повремено и не на договореното претпријатие туку на издавачот на картицата. Вообичаената трансакција со помош на
  • кои се во чекор со европските побарувања. Една од Фирмите е Riprom, мало претпријатие кое има тенденции за раст. Има посадено 150 декари вишна која во целост
  • неколку илјади долари за најмалите апликации до 1 милиони за најголемите. Претпријатие - широките апликации обично се со големина од 10 гигабајти до над 11 терабајти
  • МАК МЛИН - претпријатие од мелничарската и оризопроизводствената индустрија од с. Чешиново, Македонија. Една од најголемите мелници во Кочанскиот Регион

Users also searched:

карактеристики на мали и средни претпријатија, менаџмент на мал бизнис, што е бизнис,

...
...
...