Топ-100
Back

ⓘ Гратчето Пејтон, филм од 1957. Гратчето Пејтон - американски филм од 1957 година, во режија на Марк Робсон, по сценариото на Џон Мајкл Хејс, засновано врз истои ..




Гратчето Пејтон (филм од 1957)
                                     

ⓘ Гратчето Пејтон (филм од 1957)

Гратчето Пејтон - американски филм од 1957 година, во режија на Марк Робсон, по сценариото на Џон Мајкл Хејс, засновано врз истоимениот роман на Грејс Металиус од 1956 година. Главните улоги ги толкуваат: Лана Тарнер, Ли Филипс, Артур Кенеди, Лојд Нолан, Рас Тамблин, Тери Мур, Х. Ланге, Д. Варси итн. Филмот имал дури девет номинации за "Оскар", но не победил во ниедна категорија. Во 1958 година, тој бил најгледаниот филм во САД. Во 1961 година било снимено продолжението со наслов "Враќањето во гратчето Пејтон", а во 1964 година започнала да се прикажува серијата "Гратчето Пејтон" која остварила голем успех кај публиката.

                                     

1. Синопсис

Дејствието на филмот се одвива на почетокот од 1940-тите. Гратчето Пејтон е мирно место, но само навидум, зашто зад обичното секојдневие се кријат бројни фрустрации, лаги и злосторства: така, младата и убава средношколка и надарена писателка Алисон Мекензи јаигра Варси се измачува со својата проблематична мајка Констанс ја игра Тарнер која од неа крие многу тајни од своето минато; цврсто решена да ја одбрани Алисон од гревот, Констанс флертува со директорот на училиштето Мајк Роси го игра Филипс; истовремено, најдобрата другарка на Алисон, Селена Крос ја игра Ланге постојано ја злоставува нејзиниот очув.