Топ-100
Back

ⓘ Бостонци, филм од 1984. Бостонци – британско-американски филм од 1984 година, во режија на Џејмс Ајвори, по сценариото на Рут Проер Џабвала, заснован на истоиме ..




                                     

ⓘ Бостонци (филм од 1984)

Бостонци – британско-американски филм од 1984 година, во режија на Џејмс Ајвори, по сценариото на Рут Проер Џабвала, заснован на истоимениот роман на Хенри Џејмс. Продуцент на филмот е исмаил Мерчант, а главните улоги ги толкуваат: Кристофер Рив, Ванеса Редгрејв (која била номинирана за "Оскар", Џесика Тенди, Медлин Потер и Весли Еди.

                                     

1. Синопсис

Дејствието на филмот започнува во 1875 година, во Бостон, каде редовно се собираат десетина жени од високото општество. Тие се приврзаници на борбата за укинување на ропството и на суфражизмот, т.е. на движењето за рамноправност на жените со мажите. Една од главните членки на тоа друштво е Олив Чанселор ја игра Редгрејв која ја посетува далечниот роднина Бејсил Ренсом го игра Рив. Тој работи како адвокат во Њујорк, а потекнува од јужните делови на САД и поради тоа застапува конзервативни ставови за жените и за бракот. На една средба кај госпоѓата Брдзај ја игра Тенди, младата Верена тарант ја игра Потер одржува одличен говор ги воодушевува сите присутни, а веднаш го привкелува вниманието и на Ренсом. Воодушевената Олив станува блиска со Верена и ја прима во својот дом при што му дава пари на нејзиниот татко за да остави ќерката под нејзино покровителство. Со текот на времето, Верена станува позната по своите говори, а Олив, пак, е сè повеќе посесивна и бара од неа да се заколне дека никогаш нема да се омажи и нема да ја напушти. Ренсом стапува во контакт со Верена и се обидува да ја заведе, а Олив постојано се обидува да ја попречи нивната врска. Истовремено, за Верена се интересираат и други млади луѓе, вклучувајќи и едно момче од богато семејство кое ѝ нуди брак. Меѓутоа, Верена бара од Олив да го напуштат Њујорк и тие се селат подалеку од градот. Набргу, таму пристигнува Ренсом, кој отворено ѝ ја изјавува својата љубов на Верена и бара од неа да се откаже од женското движење. Верена е во дилема: од една страна, таа го сака Ренсом, но од друга страна, нема сила да ѝ се спротивстави на Олив. За да го елиминира Ренсом, Олив ја преселува Верена на друго место. Неколку месеци, Ренсом е во потрага по неа, а еден ден купува билет за јавниот настап на Верена, која во меѓувреме ги полни салите со своите говори. Кога Верена го здогледува Ренсом во публиката, веднаш ја губи силата и не може да го одржи говорот, а Ренсом е упорен и влегува во гардеробата, ја зема Верена со себе и двајцата ја напуштаат салата заедно. Разочараната публика ја напушта салата, а тогаш Олив излегува на бината и држи говор за правата на жените.