Топ-100
Back

ⓘ Министерство за природни ресурси и животна средина на Русија. Министерство за природни ресурси и животна средина на Руската Федерација е владина агенција која е ..




Министерство за природни ресурси и животна средина на Русија
                                     

ⓘ Министерство за природни ресурси и животна средина на Русија

Министерство за природни ресурси и животна средина на Руската Федерација е владина агенција која е во состав на Кабинетот на Русија. Ова министерство има обврска да управува со природните ресурси на земјата и да ја штити нејзината животната средина. Прв министер бил Јуриј Трутнев.

Сегашен министер е Дмитриј Кобилкин кој бил поставен во мај 2018 година.

                                     

1. Историја

Предок на Министерството за природни ресурси и животна средина била државната служба за рударство и геологија кој ја основал Петар Велики на 2 октомври 1700 година. Откако се распаднал Советскиот Сојуз, на 14 август 1996 биле создадени Министерството за животна средина и Министерството за природни ресурси. Тие биле споени за да се формира Министерството за природни ресурси и животна средина на 28 мај 2008 година.

                                     

2. Активности

Министерството за природни ресурси и животна средина е одговорно за да креира и спроведува политики и регулативи кои се однесуваат на животната средина, исто така и зачувување, регенерација, шумарство и заштита на дивиот свет.Министерството е одговорно и за истражување, управување и зачувување на природните ресурси на земјата,како и управување со водоснабдувањето, развој на минерални наоѓалишта и истражување на територијата на земјата и континенталниот гребен. Задолжено е и за регулирање на индустриската и енергетската безбедност и треба да ги следи сите геолошки и земјотресни активности,како и развојот на државната полиција и законската регулатива во шумарството.

                                     

3. Одделенија

  • Федералната служба за надзор на природните ресурси
  • Федерална служба за хидрометеорологија и мониторинг на животната средина
  • Федерална агенција за употреба на подземје
  • Федерална агенција за шумарство
  • Федерална агенција за водни ресурси
                                     
  • степски мочуришта и најголемото стадо на диви коњи во Европа. Тоа е исто така мочуришно живеалиште за птици. Заштитените подрачја се поделени на пет дела, кои
  • преграда е граница меѓу запад - исток и ја одвојува европска Русија од азиска Русија Климата на Јужен Урал е умереноконтинентална, со ладни лета според Кепеновата
  • високи нивоа на честички на мрсна саѓи вметнати во пустината. Програмата за животна средина на ООН предупредила дека јадењето добиток што пасел на површина
  • обезбедува со вештини за самостојно учење насочено кон самобитна и активна улога во нивниот развој и во развојот на нивната животна средина Во конкретна смисла

Users also searched:

...
...
...