Топ-100
Back

ⓘ Анџело, љубов моја е американски драма филм од 1983 година во режија на Роберт Дувал, во кој игра Анџело Еванс. Сценариото е за ромите од Њу Јорк сити. Беше при ..




                                     

ⓘ Анџело, љубов моја

Анџело, љубов моја е американски драма филм од 1983 година во режија на Роберт Дувал, во кој игра Анџело Еванс. Сценариото е за ромите од Њу Јорк сити. Беше прикажан надвор од конкуренција на Канскиот филмски фестивал во 1983 година.

                                     

1. Улоги

  • Џорџ Николас како самиот себе
  • Анџело Еванс како самиот себе
  • Тимоти Филипс како наставник во училиште
  • Мили Цигоноф како самата себе
  • Рути Еванс како самата себе
  • Мајкл Еванс како самиот себе
  • Стив Цигоноф како самиот себе
  • Катерина Рибрака како Патриша
  • Лахлан Јангс како студентски новинар
  • Тони Еванс како самиот себе
  • Џенифер Јангс како студентски читател
  • Френки Вилијамс како самиот себе
  • Деби Еванс како самата себе
                                     

2. Продукција

Роберт Дувал прв пат го видел главниот актер Анџело во 1977 година кога имал 8 години, како се расправа со постара жена на Колумбо авенија која "звучела како љубовна расправија". Сценариото за Анџело, љубов моја го напиша г-дин Дувал, а дел од дијалогот беше импровизиран од страна на ромските актери, кои повеќето од нив се глумат себеси.

Покрај Анџело, игра неговиот постар брат Мајкл, неговата мајка гатачка, неговата сестра Деби, неговата девојка Патриша Катерина Рибрака и неговиот татко Тони Еванс, кој се појавува во неколку сцени.

                                     

3. Прием

"Анџело е еден вид идеализиран збир од вкупно сите деца израснати на улица во Њу Јорк, без оглед на нивната етничка припадност. Тој е физички мал, но има голема, остро дефинирана личност што ни оддава впечаток на дете кое ја поседува интелегенцијата и искуството на еден маж измамник во своите 20-тите години. Потоа, како што продолжува филмот, гледаме како само во рок од неколку секунди, емоциите на Анџело од тотална самоувереност и истрајност нагло преминуваат во детски плач и се враќаат пак назад. Ова, исто така, може да е самодел од измамата на Анџело, но исто така истовремено делува неочекувано трогателно и смешно. Анџело, меѓу другото, се плаши од духови".

"Варајети" објави дека г-дин Дувал потрошил пет години и повеќе од еден милион долари на филмот и дека многумина од актерската екипа, вклучувајќи го и Анџело, не знаеле да читаат англиски.

Документирани беа комерцијалните проекции од Сан Франциско, Њу Јорк и Лос Анџелес, и презентирани на кабелската телевизија Синемакс во 1985 година.