Топ-100
Back

ⓘ Наука - систем кои ги гради и организира знаењата во облик на проверливи објаснувања и предвидувања за универзумот. Во постарите и блиско поврзаните значења, на ..




                                               

Спилит

Спилити претставуваат посебна група на карпи, која од останатите базалтоидни карпи се разликува како по минералниот состав, така и по специфичните услови на настанување.

                                               

Ондо (сојузна држава)

Сојузната држава Ондо ― држава во југозападна Нигерија. Создадена во февруари 1976 година од поранешната Западна сојузна држава, државата Ондо се граничи со државата Екити на север, државата Коги на североисток, државата Едо на исток, државата Делта на југозапад, државата Осун на северозапад, и Атлантскиот Океан на југ. Главен град на државата е Акуре, поранешна престолнина на античкото Кралство Акуре. Под прекарот "Држава на изгрејсонцето", државата Ондо е 18-та по големина држава во земјата. Државата е претежно јорупска, и најчесто се зборува на јорупски јазик. Државната економија е доми ...

                                               

1300 години Бугарија

Прославата на јубилејот за првпат беше спомената на јулскиот пленум на Бугарската комунистичка партија во 1968 година заедно со одлуката на Централниот комитет на Бугарската комунистичка партија да напише повеќе-томска историја на Народна Република Бугарија. Во тоа време, политичката елита сè уште не размислуваше детално за прославата на големата годишнина. Во раните 1970-ти, реткото споменување на 1300-годишнината продолжи да биде првенствено во контекст на перспективите на историската наука, но како што се приближуваше деценијата, ова постепено започна да се менува.

                                               

Џејн Лонг

Jane C. S. Long е американски научник за енергетика и клима. Таа била Associate директор на Lawrence Livermore National Laboratory и е соработник на Американското здружение за унапредување на науката. Лонг е Kravis Senior Contributing Scientist и Environmental Defense Fund.

                                               

Проект Веста

Проектот Веста ― непрофитабилно промовирање на забрзано атмосферско влијание на вулканскиот оливин како стратегија за повлекување клима со цел да се фати јаглеродот примен во светските океани. Седиштето на организацијата е во Сан Франциско и е основано во 2019 година. Тие се насочени на зголемување на обемот и квалитетот на научните докази кои стојат зад забрзаното атмосферско дејство, со цел да се направи тоа економски исплатлива можност за отстранување на јаглерод во атмосферата. Веста тврди дека нивната цел е 10 долари по тон за постигнување економска одржливост, но некои критичари не с ...

                                               

Сали Вотсон Чишолм

Сали Вотсон "Пени" Чишолм е американски биолошки океанограф на Технолошкиот институт во Масачусетс. Таа е експерт за екологија и еволуција на океанските микроби.

Наука
                                     

ⓘ Наука

Наука - систем кои ги гради и организира знаењата во облик на проверливи објаснувања и предвидувања за универзумот. Во постарите и блиско поврзаните значења, "наука" се однесува на самиот систем на знаење, на видот на кои може рационално да се објасни и примени. Уште од класичната антика, науката како тип на знаење била близу поврзана филозофијата. На запад за време на раниот современ период зборовите "наука" и "филозофија на природата" понекогаш биле користени наизменично, и сè до XIX век природна филозофија се сметала за гранка на филозофијата.

Во современата употреба сепак, "наука" најчесто како поим се однесува за начинот на стекнувањето на знаењето, а не само на знаењето. И честопати се однесува само на оние гранки кои се обидуваат да ги изучат и објасант појавите во материјалниот универзум. Во текот на XVII и XVIII век научниците со зголемен интерес се обидувале да го објаснат знаењето со помош на законите на природата. Во текот на XIX век, зборот "наука" зголемено се поврзува со самиот научен метод, како дисциплински начин за изучување на природниот свет, преку физиката, хемијата, геологијата и биологијата. Токму во XIX век во употреба се внесува и поимот научник за оние кои биле во потрага по знаењето и сакале да го разберат начинот на кој функционира природата. Сепак, поимот "наука" исто така продолжил да се во поширока смисла за да се одбележи поткрепливоста и учливоста на знаењето за одредена тема, на начин кој може да се забележи во современите поими како библиотечна наука или компјутерска наука. Ова исто така се сретнува и во имињата на некои области на академското изучување на пример како што се социјална наука и политичка наука.

                                     

1. Историја

Науката во поширока смисла постоела пред современата ера, и кај многу историски цивилизации. Современата наука е поинаква во нејзиниот пристап и успешност во нејзините резултати: современата наука денес го определува она што е наука во најстрога смисла на поимот. Многу порано пред современата ера, друга важна пресвртна точка бил развојот на класичната природна филозофија во старогрчкиот и далечно-источниот свет.

                                     

1.1. Историја Претфилозофски

Науката во својата оригинална смисла е збор за типот на знаењето латински scientia, старогрчки epistemē, наместо специјализиран збор за потрагата по таквото знаење. Особено кога станува збор за знаење кое луѓето можат да го прераскажат и пренесат. На пример, знаењето за работата на работите поврзани со природата било собирано мошне рано пред постоењето на запишаната историја што довело до развојот на сложеното апстрактно размислување. Ова може да се забележи при изработката на сложените календари, техники за правење на отровните растенија јадливи и изградбата на градби како што се пирамидите. Сепак не постои постојана свесна разлика меѓу знаењето на овие нешта кои се вистинити во секоја заедница и при останатите заеднички знаења, како што се митологиите и правните системи.

                                     

1.2. Историја Филозофско изучување на природата

Пред откривањето и изумувањето на концептот за "природа" старогрчки phusis, збор користен од страна на предсократовите филозофи, истите зборови се користат да се опише природниот "пат" на кој растението расте, и "начинот" на кој, на пример, едно племе го обожува определен бог. Од оваа причина се вели дека овие луѓе се првите филозофи во најстрога смисла, и исто така првите луѓе кои јасно прават разлика меѓу "природата" и "убедувањата". Науката затоа се опишувала како знаење на природата, и нештата кои се вистинити за секоја заедница, и името на специјализираната потрага по таквото знаење била филозофијата - областа на првите филозофи-физичари. Тие воглавно биле шпекуланти или теоретичари, особено заинтересирани за астрономијата. За споредба, обидувајќи се да го искористи знаењето за природата за да се имитира истата лукавоста или технологијата, Greek technē од страна на класичните научници како соодветен интерес за уметниците од нижите класи.



                                     

1.3. Историја Филозофски осврт на човековите потреби

Голема пресвртна точка во историјата на раната филозофска наука бил контровезниот но успешен обид на Сократ да ја примени филозофијата за изучување на човековите потреби, вклучувајќи ја и човековата природа, природата на политичките заедници како и самото човеково знаење. Тој го критикувал постариот тип на физиката како чиста шпекулација, и има недостаток од самокритицизам. Тој бил особено загрижен дека некои од првите физичари ја гледале природата како нешто што нема никаков осмислен интелегентен дизајн, објаснувајќи ги нештата само со поими како движење и материја. Изучувањето на човековите потреби била област на митологијата и традицијата, поради што Сократ платил со својот живот. Аристотел подоцна создал помалку контоверзна системска програма на Сократовата филозофија, која била телеолошка, и центрирана на човекот. Тој отфрлил многу од заклучоците на претходните научници. На пример во неговата физика Сонцето се движи околу Земјата, и многу нешта го имаат како дел од нивната природа односно дел е на сите луѓе. Секој предмет има формална причина и конечна причина и улога во некакв рационална космичка подреденост. Движењето и промената опишани како актуелизација на потенцијалноста во предметите, според типот на предметот кој истите го претставуваат. Додека подржувачите на Сократ настојувале дека филозофијата мора да се смета за практично прашање на најдобриот начин како едно човечко суштество изучување кое Аристотел го поделил на етика и политичка филозофија, тие не расправале за ниту еден друг вид на применета наука.

Аристотел ја одржувал острата разлика меѓу науката и практичното знаење на уметниците, третирајќи ја теориската шпекулација како највисок тип на човекова активност, практичното размислување за добриот живот practical како нешто помалку возвишено, и знаењето на уметниците како нешто само употребливо за нижите класи. Споредено со современта наука, влијателниот акцент на Аристотел бил во "теориските" чекори на дедуцирањето на универзални правила од суровите податоци, и не го опфаќало третирањето на собирањето на искуството и суровите податоци како дел од самата наука.

                                     

1.4. Историја Средновековна наука

За време на доцната антика и раниот среден век, Аристотелскиот пристап за опишување на природните појави се уште бил во употреба. Дел од знаењето во антиката било загубено, или пак во некои случаи чувано во заборав, за време на падот на Римското Царство и периодичните политички борби. Сепак, општите полиња на науката, или како што била наречена природната филозофија, и поголемиот дел од општото знаење ос Стариот Свет останало зачувано преку записите на првите латински енциклопедисти како Исидор Севиљски. Исто така, во Византија, поголемиот дел од старогрчките научни текстови биле зачувани од сириските преведувачки групи како што се Несторијанците и Монофизитите. Многу од овие книги подоцна биле преведени на арапски за време на Халифатот, кога многуте видови на класично учење биле зачувани и во некои случаи подобрени.

Куќата на мудроста била воспоставена во Абасидскиот калифат во градот Багдад, Ирак. Се смета дека бил голем интелектуален центар, за време на Исламската златна доба, каде исламските учители како Ел Кинди и Ибн Сал во Багдад, и Алхазан во Каиро, работеле од IX до XIII век, сè до монголското разурнување на Багдад. Алхазан, го проширил Аристотеловото гледиште, со осврт на експерименталните податоци и повторливоста на овие резултати. Во подоцнежниот средновековен период, како што потребата за преведување растела, како на пример Школата за преведувачи во Толедо, Западните европјани започнале да собираат текстови кои не била запишани само на латински туку и на старогрчки, арапски и еврејски јазик. Текстовите на Аристотел, Птоломеј, и Евклид, зачувани во Куќата на мудроста, биле требувани од сттрана на католичките учители. Во Европа, Алханезовото De Aspectibus директно влијаело на Роџер Бејкон XIII век во Англија, кој се залагал за поголема застапеност на експерименталната наука, како што било прикажано од страна на Алхазен. До среднината на средниот век, синтезата на католицизмот и аристотелизмот станала позната како схоластизам започнала да се распостранува во Западна Европа, која постанала нов географски центар на науката, носсите овие аспекти на схоластицизмот биле критикувани во XV и XVI век.

                                     

1.5. Историја Ренесанса, и рана современа наука

Средновековната наука продолжила со погледите на хеленистичката цивилизација на Сократ, Палтон и Аристотел, како што било запишано во изгувената книга на Алхазен. Алхазен постојано ја отфрлал теоријата за видот на Птоломеј.

Но Алхазен ја задржал аристотеловата онтологија, Роџер Бејкон, Витело и Џон Пекман сите изградиле схолостичка онтологија заснована на Алхазановата Книга за оптиката, каде се започнува како алки од синџир со чуството, восприемањето и конечното ценење на личниот и универзалниот облик на Аристотел. Овој модел на гледање станал познат како перспективизам, кој бил користен и изучуван од страна на уметниците во ренесансата.

До доцниот среден век, особено во Италија имало прилив на старогрчки текстови и учители од Византија која во тој период потпаднала под османлиска власт. Марк Смит ја посочува теоријата за гледањето како "неверојатно економична, разумна и кохерентна", што пак се темели на три од Аристотеловите четири причини, формалниост, материјалност и конечност. Иако Алхазен знаел дека сцена гледана низ отвор е превртена, тој тврдел дека гледањето е сврзано со перцепцијата. Ова било побиено од страна на Кеплер, кој го моделирал окото како сфера исполнета со вода, со отвор на предниот дел каде ја ставил зеницата. Тој забележал дека целата светлина од единечната точка од сцената паѓала на задната страна од стаклената сфера. Оптичкиот синџир завршува на мрежницата на задниот дел на окото каде сликата е превртена.

Никола Коперник ја создал хелиоцентричниот модел на Сончевиот Систем, кој бил поазличен од геоцентричниот модел на Птоломеевиот Алмагест.

.

Галилео Галилеј започнал со иновативна употреба на експериментот и математиката. Сепак неговото прогонство започнало отакако папата Урбан VIII го благословил Галилео да пишува за Коперниковиот систем. Галилео ги искористил тврдењата на папата ги претставил како гласот на глупакот во неговото дело "Дијалог за двата главни светски системи" што пак многу го навредило папата.

Во северна Европа, новата технологија на печатарската преса била широко употребувана за објавување на многуте тврдења вклучувајќи ги и оние кои не се согласувале со црковната догма. Рене Декарт и Френсис Бејкон објавиле филозофски тврдења во корист на новиот вид на неаристотелска наука. Декарт тврдел дека математиката може да се искористи за изучување на природата, како што тоа го сторил Галилео, а Бејкон ја потврдил значајноста на експериментот над замислувањето. Бејкон се сомневал во веродостојноста на Аристотеловите замисли за формалната причина и конечната причина, и се заложувал за идејата дека науката треба да ги изучува "простите" природности, како што се топлината, наместо да се претпостави дека постои определена природа, или "формална причина", на секоја сложеност на нештото. Оваа нова современа наука започнала да ги опишува "законите на природата". Овој надграден пристап на изучување на природата бил гледан како механистички. Бејкон истот така тврдел дека науката треба да се насочи за првпат на практичните пронајдоци кои можат да се применат о секојдневниот живот на човештвото.



                                     

1.6. Историја Просветителство

Во XVII и XVIII век, проектот на современизмот, кој така бил промовиран од страна на Бејкон и Декарт, довел до забрзан научен напредок и успешен развој на нов вид на природна наука, која била математичка, методолошко испитувачка, и намерно прониклива. Њутн и Лајбниц успеале во развојот на новата физика, денес позната како Њутнова физика, која можела да се потврди експериментално и да се објасни со употреба на математиката. Лајбниц исто така ги вклопил поимите Аристотелова физика, но сега не се користеле во теолошка смисла, на пример "енергија" и "потенцијал" современите облици на Аристотеловите "енергија и потенција". Во стилот на Бејкон, тој претставил дека различните видови на предмети функционираат според истите начела на општите законитости на природата, со неспецијален формален или конечена причина за секој вид на предмет. Токму во овој период зборот "наука" постепено станува почесто користен за да се објасни видот на потрага на одреден тип на знаење, особено знаењето за природата - со што се приближува до старото значење на поимот "природна филозофија".

                                     

1.7. Историја XIX век

Заедно Џон Хершел и Вилијам Вевел ја систематизирале методологијата: од каде подоцна произлегол поимот научник. Кога Чарлс Дарвин ја објавил книгата За потеклото на видовите тој воспоставил развоен систем како објаснување за сложеноста на биолошките организми. Неговата теорија за природната селекција при што обезбедил природно објаснување за потеклото на видовите, но ова било широко прифатено еден век подоцна. Џон Далтон ја развил идејата за атомите. Законите на термодинамиката и Максвеловите равенки биле исто така откриени во XIX век, што пак довело до покренување на нови прашања кои не можеле да се одговорат со едноставни одговори добиени од Њутновата фиика. Појавата која ќе дозволи целосно разоткривање на атомот била откриена во последната декада на XIX век: откривањето на рендгенските зраци го потикнало откривањето на радиоактивноста. Во наредната година дошло до откривање на субатомската честичка, електрон.

                                     

1.8. Историја XX век и потоа

Ајнштајновата теорија за релативноста и развојот на квантната механика довело до замена на Њутновата физика со нова физика која се состоела од два делови, кој опишуваат различни видови на настани во природата.

Во првата половина на минатиот век со развојот на вештачкото ѓубриво се овозможил растот на човековата популација. Истовремено, структурата на атомот и неговото јадро биле разјаснети, што довело до ослободување на "атомската енергија" односно нуклеарната енергија. Во продолжение, широката употреба на научните пронајдоци, поттикнати од војните во тој век, довеле до откривање на антибиотиците и зголемување на животниот век, напредокот во транспорто автомобилите и леталата, и со развојот на МКБР ракети, и вселенската трка, како и трката за нуклеарното вооружување - обезбедиле широко јавно ценењена важноста на современата наука.

Широката примена на интегрираните кола во последната четвртина на XX век, во комбинација со комуникационите сателити, довеле до револуција во информационата технологија, и до пораст и појава на светскиот интернет и мобилното сметање, вклучувајќи ги тука и паметните телефони.

Неодамна, се води расправа за конечната цел на науката која е да најде смисла за човековите суштества и нивната природа – како на пример во книгата Совпадливост, Едвард Озборн Вилсон вели "Човековата состојба е најважната граница на природните науки."

                                     

2. Научна практика

Иако енциклопедијата како онаа на Плиниј околу 77 НЕ Природна историја нудела лажни факти, кои се покажале дека се недоверливи. Потребно е да се биде скептичен, да се побарува доказ, бил практичен ста кој се завземал за справување со непотврденото знаење. Уште од пред 1.000 години, истражувачите како Алхазен Сомнежи за Птоломеј, Роџер Бејкон, Витело, Џон Пехам, Франсис Бејкон 1605, и Чарлс Сандерс Пирс 1839–1914 обезбедиле заедницата да ги разгледа овие точки за несигурност. Особено, погрешното мислење може да биде разоткриено, како што е потврдување на последователното.

"Ако човекот започне со сигурни тврдења, тој на крајот ќе биде исполнет со сомнежи, но доколку истиот започне со сомнежи, на крајот ќе се стекне со сигурни тврдења." - Франсис Бејкон 1605 Напредок во учењето, Book 1, v, 8

Методите во истражувањето на проблемот биле познати илијадници години, и се протегале над теоријата и праксата. Употребата на мерките, на пример, е практичен пристап за да се разрешат споровите во заедницата.

Џон Зиман истакнува дека меѓусубјективно препознавање на облиците е основата за создавањето на целото научно знаење. Зиман покажува како научниците можат да ги разликуваат облиците низ вековите: Зиман оваа способност ја нарекува восприемателна согласливост. Зиман подоцна вели дека согласливоста, води кон консензус, мерило за доверливи сознанија.



                                     

2.1. Научна практика Научен метод

Научниот метод се обидува да ја објасни природата на повторлив начин. Објаснувачки мисловен експеримент или хипотеза се претставува, како објаснување, користејќи ги начелата како што се шкртоста позната и како "Окамово сечило" и општо се очекува да се побара согласност, т.е. се преклопува со останатите прифатливи факти поврзани со појавата. Ова ново објаснување се користи за да се направат погрешни предвидувања кои можат да се проверат преку експеримент или набљудување. Предвидувањата ќе се запишат пред да се премине на потврдување преку експеримент или набљудување, како доказ дека не се случило никакво местење на резултатите. Побивањето на предвидувањето е доказ за напредок. Ова делумно се прави преку набњудување на природните појави, но исто така и преку експериментирање, кое се обидува да ги симулира природните настани под контролирани услови, што е соодветно за дисциплината. Експериментирањето е особено важно во науката за да помогне да се воспостави поврзливост за да се избегне корелационата заблуда.

Кога една хипотеза е незадоволителна, или е изменета или отфрлена. Ако хипотезата го преживее тестирањето, може да се прилагоди на рамката на научната теорија. Ова логично размислување, самоодржлив модел или рамка за опишување на однесувањето на одредени природни појави. Теоријата типично го опишува однесувањето на многу поширок збир од појави, подоцна хипотези, честопати, голем број на хипотези може логично да се надоврзе со една единствена теорија. Така теоријата е хипотеза која објаснува различни хипотези. Во таа насока, теориите се оформуваат според повеќето исти научни начела како хипотези. Во продолжение на тестирањето на хипотезите, научниците може да создадат модел заснован на набњудуваните појави. Ова е обид зада се опише или долови појавата во облик на логична, физичка или математичка претстава за да се создаде нова хипотеза која може да се тестира.

Додека се изведуваат експерименти за да се проверат хипотезите, научниците мора да имаат претстава за исходите, и затоа е важно да се осигура дека науката како целина да го отстрани оваа пристрасност. Ова може да се постигне со внимателно експериментално осмислување,транспарентност и темелен рецензионен процес на експерименталните резултати како и некои заклучоци. Отакако резултатите на експериментото се предвидени и објавени, нормална практика е за независните истражувачи двојно да го проверат начинот на извршувањето на истражувањето, и да го следат со извршување на слични експерименти за да се определи зависноста на резултатите. Земајќи го воа во целост, научниот метод дозволува високо креативен начин на решавање на проблемот со што се минимизира секаков ефект на субјективната пристрасност, од страна на корисниците имено станува збор за потврдувачка пристрасност.

                                     

2.2. Научна практика Основно и применето истражување

Иако дел од научното истражување е применето истраќување на одредени проблеми, поголем дел од објаснувањето потекнува од љубопитноста, која е оснаовата на основното истражување. Ова доведува до опции на технолошки напредок кој понекогаш не е испланиран или понекогаш воопшто неочекуван. Оваа тврдење било споменато од страна на Мајкл Фарадеј кога, наводно како одговор на прашањето "која е употребливоста на основното истражување?" тој одговорил "Господине, која е употребливоста на новороденото дете?". На пример, истражувањето во ефектите на црвеното светло на човековото око, каде стапчестите клетки немале никаква практична примена, случајно, откритието дека на нашиот ноќен вид не влијае црвената светлина доведува до поставување на црвена светлина во кабините на авионите и хеликоптерите на спасувачките екипи. Накусо: основното истражување е потрагата по знаењето. Применетото истражување е потрага по решенијата на практичните проблеми користејќи го знаењето. Конечно, дури и основното истражување може да има непредвидени последици, и има одредена смисла во која научниот метод е создаден за користење на среќата.

                                     

2.3. Научна практика Истражувањето во практиката

Поради зголемената сложеност на информациите и специјализацијата на научниците, поголемиот дел од врвнптп истражување денес се прави од добро финансирани групи на научници, отколку од страна на поединци. Д.К. Симонтон забележува дека поради раѓањето на новите многу прецизни и далекудосежни алатки кои се користат од научниците денес и обемот на резултатите од овие истражувања, како и создавањето на нови дисциплини или напредоци во една дисциплина повеќе не би било можно, бидејќи е невозможно некоја појава која има сопствена дисциплина да биде занемарена. Хибридизирањето на дисциплините и финизирањето на знаењето, е на некој начин, иднината на науката.

                                     

2.4. Научна практика Практично влијание на научното истражување

Откритијата во основната наука можат да доведат до светски промени. На пример:

                                     

3.1. Науката и општеството Жените во науката

Науката традиционално е поле во кое доминирале мажите, со некои значајни исклучоци. Жените историски се среќавале со дискриминација во науката, како што било и во останатите области во кои доминирале мажите, постојано биле прескокнувани за работни можности и ниту пак им ги признавале нивните заслуги. На пример, Кристин Лад 1847-1930 успеал да запише докторски студии таа ги исполнила потребите за докторскиот труд во 1882 година, но дипломата и ја доделиле во 1926 година, по кариера во која се занимавала со алгебра и логика Погледајте таблица на вистинитост, гледањето во боја и психологијата. Нејзината работа надминала многу нејзини современици и познати истражувачи како Лудвиг Витгенштајн и Чарлс Сандерс Пирс. Достигнувањата на жените во науката било припишано на нивното противење на нивната традиционална улога како извршувачи на домашните обврски.

Во доцниот XX век, активното вклучување на жените и отстранувањето на инстуционалната дискриминација на основ на половата припадност придонело за зголемувањето на бројот на женски научници, но сепак сè уште постојат области кај кои сè уште постои дискриминација, повеќе од половина од биолозите се жени, додека 80% од докторантите во физиката се мажи. Феминистките тврдат дека ова е резултат на културата наместо непосредна разлика меѓу двата пола, и некои експерименти покажале дека родителите повеќе ги поттикнуваат и им поставуваат предизвици на момчињата отколку на девојчињата, барајќи од нив да се размислуваат потемелно и логично. На почетокот на XXI век, во Америка, жените се стекнувале со 50.3% од дипломите во унивеерзитеткото образование, 45.6% со магистерски титули и 40.7% со докторати во науката и инжинерството и останатите полиња, каде жените во одредени науки стекнуваат и повеќе од половина од дипломинте: психологија околу 70%, општествени науки околу 50% и биологија околу 50-60%. Сепак, кога станува збор за физичките науки, геонауките, математиката, инженерството и сметачките науки, жените се стекнуваат со помалку од половина од вкупниот број на дипломи. Сепак, изборот на животниот стил исто така има важна улога во женското присуство во науката, жените кои имаат мали деца имаат 28% помала шанса за условно трајни вработувања поради неможност за постигнување на дневните обврски, и интересот на жените додипломци за истражувачки кариери драматично се намалува во текот на студирањето, додека пак она на машките колеги останува непроменето.

                                     

3.2. Науката и општеството Научна политика

Научната политика е дел од јавната политика која се занимава со политиките кои влијаат на однесувањето на научните претпријатија, вклучувајќи го тука и научното финансирање, најчесто за постигнување на други национални политички цели како што се технолошките напредоци со кои потикнува развојот во претприемништвото, развојот на оружја, следење на промените во здравјето и околината. Научната политика се однесува и на применувањето на научното знаење и консензусот за развојот на јавните политики. Научната политика се справува со целиот домен на проблеми кои се поврзани со природните науки. Во согласност со јавната политика се грижи за граѓаните, целта на научната политика е да земе предвид како науката и технологијата најдобро можат и служат на јавноста.

Државната политика имала влијание на создавањето на јавните добра и науката со илијадници години, почнувајќи уште од времето на мохистите, кои го инспирирале изучувањето на логиката за времето на Стоте училишта на мислата, и изучувањето на безбедносните утврдувања за време на периодот на завојуваните држави во Кина. Во Велика Британија, аминувањето на Кралското друштво од страна на владата во XVII век препознала научна заедница која постои до ден денес. Професионализацијата на науката, започнала во XIX век, и била делумно овозможена од создавањето на научните организации како што се Националната академија на науките, Институт "Кајзер Вилхелм", и државно финасираните универзитети во секоја држава пооделно. Јавната политика може директно да влијае на финансирањето на машините, интелектуалната инфраструктира за индустриск истражување, со одбрување на дел од данокот на организациите кој го финансираат тоа истражување. Ваневар Буш, директорот на канцеларијата за научно истражување и развој на американската ввлада, водачот на Националната научна фондација, запишал во јули 1945 година дека "Науката со право е грижа на државната власт".

Научното и технолошкото истражување е честопати финасирано низ натпреварувачки процес, во кој потенцијалните истражувачки проекти се вреднувани и само оние кои имаат најголема можност за успех се финасирани. Ваквите истражувања, кои се финасирании од владата, претпријатијата или фондациите, издвојуваат мали средства. Целосното научно истражување во повеќето развиени земји е меѓу 1.5% и 3% од БДП. In the OECD, околу две третини од истражувањето и развојот на научните и техничките полиња е спроведено од страна на индустријата, и 20% и 10% соодветно од универзитетите и владата. Уделот на финасирањето на владата во одредени индустрии е повисоко, и доминира во истражувањето на општествените науки и хуманитарните науки. Слично, со некои исклучоци на пример биотехнологијата владата го обезбедува поголемиот дел од финансирањето на основното научно истражување. Во комерцијалното истражување и развој, сите само истражувачки насочените претпријатија се фокусираат на повеќе на близувремените комерцијални можности наместо на "безпрактични" идеи или технологии како на пример нуклеарната фузија.

                                     

3.3. Науката и општеството Прикажување во медиумите

Масовните медиуми се соочуваат со бројни притисоци кои можат да го спречат точното доловување на соодветните научни тврдења во однос на нивната кредибилност во научната заедница како целина. Одредувањето на важноста на различните идеи и страни во научната дебата може да побарува определена стручност за таа област и материја. Мал број на новинари имаат научно знаење, и дури и специјализираните известувачи кои имаат познавања на одредени научни проблеми но ги запоставуваат другите научни проблеми, доколку им се даде задача да ги работат истите.

                                     

3.4. Науката и општеството Употреба од политиката

Многу проблеми го нарушуваат односот на науката со медиумите и употребата на науката и научните тврдења од страна на политичарите. Како многу широко распострането воопштување, многу политичари бараат одредености и факти додека пак научниците типично нудат веројатности и предупредувања. Сепак, можноста на политичарите да бидат чуени од јавноста во Масовните медиуми честопати го нарушува научното разбирање од јавноста. Примери за ова во Британија ја вклучува контровезноста околу ДТПР вакцинирањето, и присилната оставка на владиниот министер, Едвина Кири во 1988 година за откривањето дека постои висока веројатност дека јајцата добиени од несилните кафези се заразени со салмонела.

Џон Хорган, Крис Муни и истражувачите од САД и Канада опишале науно потврдувачки веројатносни методи, каде организација или научна мисловна група има единствена цел да создава сомнеж на поддржаната наука бидејќи истата се судира со политичката агенда. Хенк Кампбел и микробиологот Алекс Березов опишале логички грешки од лична наклонетост кои се користат во политиката, каде политичарите ги искажуваат своите мислења на начин кој прави луѓето да ги подржуваат одредени политики дури и кога научниот доказ покажува дека за тоа нема потреба од грижи или пак нема потреба од драматична промена на моменталните програми.

                                     

3.5. Науката и општеството Науката и јавноста

Со цел да се приближи науката до јавноста, покренати се разни потфати како општообразовни активности, соработка со јавните гласила, научни фестивали, граѓанска наука, научно новинарство, јавна и популарна наука.

                                     

3.6. Науката и општеството Науката како мотив во уметноста и во популарната култура

  • "Голема наука" Big Science - песна на американската музичарка Лори Андерсон од 1982 година.
  • "Примитивна наука" Primitive science - песна на македонскиот музичар Кирил Џајковски од 2001 година.
  • "Химна на научникот" Гимн ученому - песна на рускиот поет Владимир Мајаковски од 1915 година.
                                     

4. Поврзано

  • Преглед на науките за Земјата
  • Преглед на науката
  • Преглед на природните науки
  • Преглед на физичките науки
  • Преглед на општествените науки
  • Преглед на формалните науки
  • Преглед на применетите науки
  • Истражување
  • Патолошка наука
  • Старински научни книги
  • Научни војни
  • Протонаука
  • Социологија на научното знаење
  • Список на когнитивни предрасуди
  • Критика на науката
                                     
  • Министерот за образование и наука е министер во Министерството за образование и наука на Република Македонија, која институција била основана во 1991
  • Информациската наука или науката за информациите е интердисциплинарна наука која првенствено се занимава со анализи, собирање, класификација, манипулација
  • Министерството за образование и наука е министерство во состав на Владата на Република Македонија, според член 23 од Законот за организација и работа
  • Византиска наука - има важна улога во преносот на класичните знаења на исламскиот свет и во ренесансна Италија, а исто така и во преносот на средновековната
  • Применета наука е примена на занењето од една или повеќе природни научни полиња со цел за решавање на практични проблеми. На пример, разните видови на
  • описна наука која своето внимание го насочува кон опишувањето на планетата Земја. Во потесна смисла, географијата е и природна и општествена наука бидејќи
  • употребуваат овој термин. Изразите цврста наука чиста наука фундаментална наука се многу слични. Граници на науката Фундаментална наука Чиста наука
  • цел да се разберат и анализираат реалните појави преку податоците. Оваа наука користи техники и теории извлечени од многу полиња во контекст на математика
  • се употреби терминот транслатологија се поврзува со наука за преведување. Сепак, терминот наука за преведување Translation Studies се употребува во

Users also searched:

весела наука 2020, весела наука,

...
...
...