Топ-100
Back

ⓘ Бруно, филм. Бруно англиски: Brüno е американски комедија – филм од 2009 год. Во филмот Борат, Саша Барон Коен, режисерот Лари Чарлс и нивната екипа користеа ге ..




Бруно (филм)
                                     

ⓘ Бруно (филм)

Бруно англиски: Brüno е американски комедија – филм од 2009 год. Во филмот Борат, Саша Барон Коен, режисерот Лари Чарлс и нивната екипа користеа герилски стил на снимање за да направат урнебесна комедија која ги освои публиката и критичарите. Сега Коен повторно го оживува ликот од своето ТВ шоу и го префрли на големото платно. Како и Борат, и овој филм е работен во форма на лажен документарец и е вложено многу време и труд за да се организираат провокациите кои можат да ги насмеат гледачите. Обидувајќи се да стане ултраславен, Бруно пронаоѓа разни интересни соговорници за интревјуа, од Паул Абдул па сè до ЛаТој Џексон.

Големиот успех на Борат и добриот маркетинг за овој филм ги подигнаа очекувањата на публиката, но и на критичарите. Првите критики се пофални, една од нив кажува дека е филм за геј јунак "во стилот на Милк, само со пенис кој зборува". Другата вели дека Бруно е "уште полуд и поурнебесен од Борат", и дека е "поуспешен во користење на шок за да ги насмее луѓето". Сепак, доста замерки има префрлено на сметка на форсирањето на документаристичките сцени, многу препоставуваа дека после Борат, Коен не може да предизвика многу изненадувања.

                                     

1. Синопсис

Австрискиот геј моден новинар Бруно добил отказ откако се појави на модната писта за време на Модната недела во Милано. Со својот асистент Луц, Бруно се упатува кон САД за да стане суперѕвезда.

После пробна емисија со ѕвезди и публика тој се обидува да стане познат на разни начини. Додека се обидува да сними своја порнографска снимка, организира интервју со Рон Паул неочекувано тој се "глуми" самиот себеси, и додека тие очекуваат да ги поправат техничките грешки, Бруно почнува да го заведува Паул, кој заминува лут и го нарекува Бруно" педер". Во една ТВ емисија тој покажува црно бебе и го нарекува O.J кој го добил во Африка "заменувајќи" го за Ајпод. Во истата емисија тој покажува слика со бебето; на една слика бебето е покриено со пчели додека Бруно има заштита, на друга бебето е на крст, на трета е во џакузи со возрасни во "позиција 69". Публиката останува запрепастена од сите покажани слики. Социјалната служба му го зема бебето на Бруно, што го доведува до длабока депресија и тој почнува да јаде брза храна за да се утеши. Луц го води во куќата и води љубов со него. Кога се разбудуваат, се наоѓаат врзани еден за друг со лисици и ланци, и не можат да досегнат до клучот. Кога ќе ги повикат хотелските служители за помош, им е речено да го напуштат хотелот без некои сцени. Откако се обидоа да земат автобус, Бруно и Луц се одведени во полициската стануца. Таму ги раздвојуваат, и конечно е слободен, Бруно налутено му вели на Луц дека веќе не се пар и дека не го сака. Луц, слушајќи го тоа, го напушта.

Откако Луц му заминува на Бруно и после што социјалната служба му го зема бебето, Бруно сака да се промени, сака да стане хетеросексуалец. После што Бруно открива кои се најголемите ѕвезди во Холивуд како на пр. Том Круз, Кевин Спејси и Џон Траволта, се консултира со двајца геј свештеници и им зборува да не бидат геј. На разни начини тој се обидува да стане "стрејт": со придружување на националната војска, заминувањето на лов, учење карате и одење на свингерска забава во која има и жени. Сепак, секој пат запаѓа во неволја бидејќи неговото геј однесување уништува сè, и секој пат неуспешно сака да придобие некоја нормална девојка и да буде со него. Очаен, Бруно сè уште мисли дека може да биде хетеросексуалец.

                                     

2. Наслов

Оригиналниот наслов на филмот е: Бруно: Сочно патување низ Америка со цел хетеросексуалните мажи да се почувствуваат видно непријатни во присуство на геј-странец во маичка.