Топ-100
Back

ⓘ Историја на Бутан. Историјата на Бутан може да се разгледа не неколку период, и најчесто се дели на рана бутанска историја, потоа историја од раниот среден век ..




                                               

Визна политика на Турција

Визната политика на Турција се однесува на барањата на странски државјанин кои сакаат да влезат во земјата, за кое мора да исполнат одредени услови за да им биде дозволено да патуваат, да влегуваат и да останат во земјата. Посетителите на Турција мора да добијат виза од една од турските дипломатски мисии освен ако не доаѓаат од некоја од 78-те земји и територии за кои не се потребни визи или од некоја од 42-те земји и територии чии граѓани имаат право да аплицираат за е-виза преку Интернет. Турските визи се документи издадени од Министерството за надворешни работи и неговите последователни ...

Историја на Бутан
                                     

ⓘ Историја на Бутан

Историјата на Бутан може да се разгледа не неколку период, и најчесто се дели на рана бутанска историја, потоа историја од раниот среден век па сè до XX век и новата бутанска историја.

                                     

1. Ран период

Камени алатки, орудија, слонови и остатоци од големи камени структури пронајдени во државата покажуваат дека Бутан бил населен уште во 2000 п.н.е. иако нема записи од тоа време. Историчарите даваат теории дека државата Ломон што во буквален превод значи "јужна темнина", придавка која се однесува на религијата Мон или Моњул "темна земја" што го означува староседелскиот народ Монпа можеби постоеле како држави помеѓу 500 п.н.е. и 600 година. Имињата "Ломон Ценденџонг" Сандалова држава и "Ломон Каши" Јужен Мон биле пронајдени во записите на античките Бурманци и Тибетските хроники.

Еден од најраните записи за некој настан во Бутан е пасусот на будистичкиот светец Падма Самбава или познат како Гуру Ринпоче во 747 година. Раната историја на Бутан не е сосема јасна, бидејќи голем дел од записите биле уништени во пожар во античкиот главен град на Бутан, Пунака во 1827 година. До 10 век, развитокот на бутанскиот политички живот бил под силно влијание од религијата и нејзината историја. Сепак, денес нема силни докази кои би потврдиле дека имало јасни записи за Бутан пред пожарот. Различни будистички погрупи започнале да се појавуваат во Бутан за време на инвазиите на Монголците. По падот на Монголците во 14 век, овие подгрупи започнале да се обединуваат и да ја создадат будистичката религиска подгрупа Друкпа во 16 век.

                                     

2. Ран среден век до 19 век

Сè до почетокот на 17 век, Бутан опстојувал како расцепкана територија на воинствени феудалци, кога покасно биле обединети од тибетскиот далај-лама и воен водач Шабдрунг Нгаванг Намѓал кога во Тибет имало религиски прогони. За да се бори против религиските насилници, тој изградил ланец на тврдини, познати како ѕонг, и создал законик со кој локалните водачи ги обединил и им воспоставил централна власт. Голем број од таквите тврдини и денес опстојуваат и се центри на религиозни и политички настани. Околу 1627 година, Португалците Естевао Касела и неколку свештеници биле првите европјани кои го посетиле Бутан одејќи накај Тибет. тие се сретнале со Нгаванг Намѓал на кого му ги претставиле телескопот и барутот и се понудиле на помош во војната против Тибет, но Нгаванг одбил. По престој од околу осум месеци, Канцела напишал писмо од манастирот Чагри во кој го опишал патувањето во Бутан. Ова е редок артефакт од тоа време.

По смртта на Намѓал во 1652, во Бутан избила граѓанска војна. Во таква хаотична ситуација, Тибет ја нападна државата во 1710 и во 1730 година со помош од Монголците. Двата напада биле победени и мировен договор бил потпишан во 1759 година.

Во XVIII век, Бутанците го нападнале и окупирале кралството Куч Бехар, на југ од Бутан. Во 1772 година, Куч Бехар побарал помош од Британската источноиндиска компанија кои пак му помогнале при одбраната од нападите, а подоцна и при напад на Бутан во 1774 година. Мировен договор бил потпишан со кој Бутан морал да ги врати окупираните територии и да ги зачува границите од пред 1730 година. Покрај овој договор, престрелките помеѓу Бутан и Британските колонисти продолжиле и во наредините 100 години, што довело до Дуарската војна, судир за превласт на бенгалските Дуари. Откако Бутан ја изгубил војната бил потпишан договорот од Синчула помеѓу Британска Индија и Бутан. Со договорот, Дуарите биле присвоени кон колонијата, а Бутан добил пари во замена.

За време на 1870-те, моќното соперништво на долините Паро и Тонгса довело до нова граѓанска војна во Бутан, што пак резултирало со превласт на Уѓен Вангчук, гувернерот на Тонгса. Од неговиот центрар во централен Бутан, тој ги поразил неговите политички непријатели и ја обединил државата во која во наредините години имало неколку граѓански војни и побуни.

                                     

3. Понова историја - 19 до денес

Во 1907 година се случиле значајни промени во државата. Уѓен Вангчук бил избран за крал на Бутан од собранието на будистички монаси, владини претставници и влијателни бутански семејства. Британската влада ја признала новата бутанска монархија и во 1910 година Бутан потпишал договор со кој Британија можела да ја "насочува" надворешната политика на Бутан.

По независноста на Индија од Обединетото Кралство на 15 август 1947 година, Бутан е една од првите држави кои ја признале Индија. Договор, сличен на тој од 1910 година, потпишан на 8 август 1949 година со кој Бутан се стекнал со целосно управување на своите надворешни политики.

Во 1953, кралот Џигме Дорџи Вангчук основал нова легислатура, собрание со 130 пратеници за да се промовираат демократски форми на владеење. Во 1965 година, тој го основал Кралскиот надзорен совет и во 1968 година го оформил кабинетот на министри. Во 1971 година, Бутан бил примен во ООН, кога три години бил набљудувачки статус. Во јули 1972, Џигме Синѓе Вангчук го наследил престолот на Бутан на свои 16 години по смртта на својот татко Дорџи Вангчук.



                                     

3.1. Понова историја - 19 до денес Проблеми во Јужен Бутан

Во 1980-те години, сè со цел да се зајакне националниот идентитет, се одвивала кампања со која се целело периферните етнички групи да се присвојат кон бутанската култура и општетство. Користењето на ѕонгка јазикот и стариот код на однесување познат како "дриглам намза" станале задолжителни. Во меѓувреме, на националниот попис се открило дека во државата живее повеќебројно непалско население кое жевеело нелегално во Јужен Бутан. Кога владата се обидела да ги отстрани нелегалните имигранти, започнале да се одвиваат немили настани. Јавни институции, владини канцеларии и места од јавен интерес биле напаѓани. За да се спречеле таквите немили настани, владата била принудена да го регрутира младото население и резервниот состав на војската за да ги згаснат револтите. Голем број на јужнобутанци пребегнале во Непал во кампови на ООН.

                                     

3.2. Понова историја - 19 до денес Демократски реформи и модернизација

Кралот Џигме Сиње Вангчук вовел значајни политички реформи, префрлајќи ја политичката моќ во рацете на Советот на министри и дозволил импичмент на кралот со обезбедени две-третини од собранието на Бутан.

Во 1999 година, владата на Бутан ја отстранила забраната на телевизија и интернет што воедно го прави Бутан еден од последните држави кои го сториле тоа. Во својот говор, кралот изјавил дека телевизијата е важен дел во модернизацијата на земјата и важен придонес во среќата на Бутан. Воедно, Бутан е единствената држава во светот која мери среќа. но и потенцирајќи дека погрешното употребување на телевизијата може да ги наруши традиционалните вредности на Бутан.

Во 2005 година нов устав бил усвоен во Бутан. Во декември 2005 година, Џигме Синѓе Вангчук изјавил дека својата титула ќе ја предаде на својот син во 2008 година. Во 2007 година Бутан ги одржал првите целосно демократски избори. На 6 ноември 2008 година, Џигме Кесар Намѓел Ванчук станал нов крал на Бутан заменувајќи го својот татко Џигме Синѓе Вангчук и бил крунисан "крал на хималаското кралство".

                                     
  • име, видете Бутан гас Кралство Бутан ѕонгка: или само Бутан - земја во Јужна Азија, с естена на источниот крај на Хималаите. Државата на југ, исток
  • во 1983 година и е признаен од страна на МОК во истата година. Првите Летни олимписки на кој настапувал Бутан се игрите во Лос Ангелес 1984 година. Во
  • религија на Бутан и будистите сочинуваат 98 од бутанското население. Иако Тибетскиот будизам има големо влијание, сепак будизмот во Бутан практикува
  • Ѓал - цин, буквално Змејска Кралица на Бутан Таа е сопруга на Кралот Џигме Кесар Намѓел Вангчук, кој е крунисан на 6 ноември 2008 година. Кралицата Џецун
  • ѕонгка: དང ལ ཀ མ е официјалната валута во Бутан Валутата е во оптек од 1974 година. Еден нгултрум е поделен на 100 чертуми. Нгултрумот се вовел во 1974
  • национална среќа GNH е мерење на колективната среќа на една нација. Тоа е концепт кој се појавил во 1972 година во Бутан како идеја на тогашниот бутански крал
  • གངས དཀར ས ན གས མ - највисока планина in Бутан и веројатно највисоката неосвоена планина во светот. Се издига на висина од 7.570 м, со истакнатост од 2
  • 1947 биле дел од британска Индија. Во оваа дефиниција спаѓаат и Непал, Бутан и островската земја Шри Ланка, а понекогаш и Авганистан и Малдивите. Регионот
  • Азербејџан  1 Бангладеш  1 Белгија  1 Белорусија  1 Бразил  6 Брег на Слоновата Коска  1 Бутан 1 Велика Британија  2 Венецуела  2 Германија  2 Грузија  3
  • Бутан издаде поштенска марка која претставуваше грамофонска плоча на која е снимена националната химна. Покрај на хартија, марките се издаваат и на фолија
  • четврта по големина во целиот свет. Кина граничи со 14 земји: Авганистан, Бутан Мјанмар, Индија, Казахстан, Киргизстан, Лаос, Монголија, Непал, Северна
  • неверојатни 15 метри, па дури и повеќе. Го среќаваме на северниот дел од индискиот потконтинент, односно: Бутан речиси изумрен Бангладеш близу до изумирање

Users also searched:

лукоил или макпетрол,

...
...
...