Топ-100
Back

ⓘ Горе во воздухот е американски драма – филм од 2009 година. Филмот е режиран од Џејсон Реитман, кој пред две години се појавил со драмата Џуно. Овој филм е адап ..




Горе во воздухот
                                     

ⓘ Горе во воздухот

Горе во воздухот е американски драма – филм од 2009 година. Филмот е режиран од Џејсон Реитман, кој пред две години се појавил со драмата Џуно. Овој филм е адаптација на истоимената книга од 2001 година. Поради својата тематика, филмот е снимен на разни места како Лас Вегас, Детроит, Невада, Мајами, Мичиген, Омаха.

Повеќе критичари и филмски фестивали го прогласиле филмот како еден од најдобрите за 2009 година и тој имал шест номинации за "Златен Глобус" и "Оскар". Премиерата на филмот во Македонија е одржала на 19 февруари 2010 година.

                                     

1. Кратка содржина

Рајан Бингем Џорџ Клуни, е типичен вработен човек кој патува со авион од град во град, а неговата работа е да отпушта луѓе. Својот живот Рајан го поминува на американските аеродроми, хотели и изнајмени автомобили. Сè што него му треба, е внатре во патната торба на тркала. Тој е елитен корисник на секоја патничка програма која ги наградува своите корисници и она што сите го сакаат е да го достигнат бројот од 10 милиони наградни милји. Меѓутоа, во животот на Рајан не постои ништо со нешто што тој е навистина поврзан.

Кога неговата работа ќе ја заинтересира сопатничката Алекс, шефот на Рајан, под влијание на младата Натали, го известува дека е крај на неговото патување. Соочен со можноста за трајно "приземјување" кое истовремено делува и застрашувачки и привлечно, Рајан почнува да размислува за тоа како би било навистина да има дом.