Топ-100
Back

ⓘ Вариска култура. За несродниот народ видете народ Вари. Вариската култура била култура која се развила пред Инките во регионот на Андите, поточно во јужниот дел ..




Вариска култура
                                     

ⓘ Вариска култура

За несродниот народ видете народ Вари.

Вариската култура била култура која се развила пред Инките во регионот на Андите, поточно во јужниот дел од брегот на Перу во периодот од 500 до 900 година. Главниот град на оваа култура бил Вари и се наоѓал на околу 25 км североисточно од денешниот град Ајакучо во Перу. Овој град бил центар на цивилизацијата која покривала голем дел од висорамнините и брегот на Перу. Подоцна, државата се проширила и го зазела градот Пачакамак, иако се верува дека имал одредена автономија. Исто така, во склоп на Вариската култура или држава влегле и Моче културата, а подоцна и Чиму културата. Најдобрите археолошки остатоци од Вариската култура постојат во градот Квинуа познати како Вариски остатоци. Исто така познати се остатоците и во близина на градовите Чиклајо и Пикилакта.

Се верува дека Варите го измислиле терасното земјоделство, начин на одгледување кое подоцна го усовршиле и Инките. Мајчиниот јазик на Варите се верува дека бил кечуанскиот јазик, но со споредбено и историско проучување на андските јазици се довело до верување дека мајчиниот јазик бил форма на ајмарскиот јазик. Вариската култура почнала за исчезнува во 800 година, а во 900 година и градот Вари исчезнал.

                                     

1. Користена литература

  • Collier, Simon et al. Ed. 1992. The Cambridge Encyclopedia of Latin America and the Caribbean изд. Second. Cambridge University Press. ISBN 0-521-41322-2. CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори link
                                     
  • Минчанкаман. Чимор целосно бил под владеење на Инките со доаѓање на престолот на Хуајна Капак. Преглед на Чимор Вариска култура Моческа култура Тавантинсују
  • Blackwell Publishers, Cambridge, 1993. Вариска култура Боливија Список на претколумбовски цивилизации Вариска империја Карта на покраината Ингави Светско
  • Надлежна институција за одржување на истите е Националниот институт за култура на Перу. Во прилог следува дел од наоѓалиштата кои можат да се најдат во
  • 1470 Вариска култура Чиму, Чинча, Чанка Вариска империја 800 - 1200 Вариска култура Тиванаку Регионален развој 100 - 800 Моче, Насканска култура Лима

Users also searched:

...
...
...