Топ-100
Back

ⓘ Македонски јазик - јужнословенски јазик, дел од групата на словенски јазици од јазичното семејство на индоевропски јазици. Македонскиот е службен и национален ј ..




                                               

Превалец

Превалец може да се однесува на: Превалец премин, ниско место меѓу две височини или ридови низ кое поминува пат, синоним на превој или преслап. или населено место Превалец Велес, приградска населба на градот Велес

                                               

Душан Кузмановски

Душан Трајчев Кузмановски - македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

                                               

Гордо Порече

"Гордо Порече" ― македонска народна песна. Песната е посветена на областа Порече која во песната, некој родум од тој крај се потсетува на детските и младешките години проживеани во родното место. Песната има месно-патриотски карактер.

                                               

Илинден, Револуционерни песни, 1903-1953

"Илинден, Револуционерни песни, 1903-1953 - зборник со песни составен од македонскиот композитор Јосиф Чешмеџиев. По Втората светска војна, Чешмеџиев развил богата просветна и културна дејност во Бугарија каде што продолжил и со запишување и објавување на македонски народни песни, со што во 1953 г. тој ја објавил и оваа збирка. Кон насловот е запишано дека песните се запишани и хармонизирани од Јосиф Чешмеџиев, а се објавуваат по повод 50-годишнината од Илинденското востание. Издавач на збирката е Државното издателство "Наука и изкуство".

                                               

Градел Илија манастир

Градел Илија манастир, Градел Илија манастир, оф аман, аман, На врв на Пирин Планина. Оздола иде Илина, Оздола иде Илина, оф аман, аман, И на Илија говори: "Земи ме батко Илија, Земи ме батко Илија, оф аман, аман, Во твојта темна ќелија." "Не можам сестро Илино, Што ти се руси косите, оф аман, аман, ти играат очите." "Косите ќе ги исечам Очите ќе си ги скротам Косите ќе ги исечам, оф аман, аман, Очите ќе си ги скротам."

                                               

Гоце ми отиде во Солуна града

"Гоце ми отиде во Солуна града" ― македонска народна песна. Песната е посветена на Гоце Делчев кој во песната, отишол во Солун нажален и разговарал со некоја си Солунка за неговите родители кои биле ожалостени поради што Гоце си ја поминал младоста во револуционерната борба за ослободување на Македонија. Песната има ајдутски и патриотски карактер.

Македонски јазик
                                     

ⓘ Македонски јазик

Македонски јазик - јужнословенски јазик, дел од групата на словенски јазици од јазичното семејство на индоевропски јазици. Македонскиот е службен и национален јазик во Македонија, а воедно е и официјално признат како регионален службен јазик во Горица и Пустец во Албанија каде што живее бројно македонско население, но и во Србија како официјален во општините Јабука и Пландиште, Романија и Косово. Македонски се зборува и во Австралија, Бугарија, Грција, Канада, САД, Црна Гора, Турција, во некои земји−членки на Европската Унија и останатата македонска дијаспора. Вкупниот број на македонски говорници е тешко да се утврди поради несоодветни пописи, но бројката се движи од околу 2.5 до 3 милиони луѓе.

Според ценетиот јазичарички извор Etnologue, македонски се зборува и во југозападниот дел на Бугарија и северна Грција, но нема податоци за бројот на луѓето. Сличен став имаат и BBC, Британика и УНЕСКО.

                                     

1. Историја

Јазикот според јазичаричката категорија спаѓа во групата на јужнословенски јазици на словенските јазици. На територијата што денеска ја зазема, а што во блиско минато била поширока, македонскиот јазик се формирал од говорите на македонските племиња ја населувале територијата на етничка Македонија, па се длабоко во териториите на денешните Грција и Албанија, но со самиот развој на државите тој регион се стеснал и македонските говори во тие краишта полека почнал да се заменува со други јазици. Денес во Албанија, македонски јазик се зборува најмногу во Мала Преспа, Голо Брдо и скоро сите погранични места со Република Македонија. Во Приморска Македонија, македонскиот јазик се зборува најмногу во префектурите Воден и Лерин но и во другите градови и села во Приморска Македонија. Во Бугарија, македонскиот јазик се зборува во Пиринска Македонија од помалку од 1% од населението во современите политичко-општествени околности а во Србија се зборува во пограничниот регион со Македонија и во областа Гора во Косово.

Македонските говори околу Солун биле основата за формирање на старословенскиот јазик и писменост. Тоа што ја карактеризира историјата на македонскиот јазик е неговата коренита промена што настанала од X век па навака. Слични промени ги зафатиле и бугарскиот јазик и источните дијалекти на српскиот јазик. Тие темелни промени довеле до мала споделба на граматички црти помеѓу старословенскиот и македонскиот јазик, па како резултат на тоа се создала Македонската рецензија на старословенскиот јазик. Познати центри на Македонската рецензија се Охридската книжевна школа, Кратовската книжевна школа и Лесновската книжевна школа.

Историјата на македонскиот јазик е поделена на следните периоди:

  • прва стандардизација на современ македонски јазик: книгата,За македонцките работи” од Крсте Мисирков од 1903 г.
  • почеток на македонски книжевен јазик појавата на т.н. дамаскини: XVI в.
  • конечна стандардизација на СМСЈ од 1944 и 1945 г.
  • дискусија за изгледот и основата на современиот писмени јазик за Македонците: втора половина на XIX в.
  • употреба на два стила, два писмени јазика, низок народен јазик и висок црковнословенски јазик: првата половина на XIX в.
  • црковнословенски писмен јазик од македонски редакција и од српска редакција и од мешан тип: XIV. и XVIII в.
  • навлегување на рускоцрсл. редакција и нејзино мешање со дотогашната домашна писмена традиција во јазикот и стилот: XVIII в.
  • македонски редакција на црсл. јазик: XII и XIII в.
  • канонски период: IX – XI в.
Јазичен развој

Македонските говори рано почнале да развиваат извесни црти што ги изделуваат како целост во однос на говорите на соседните јужнословенски јазици.

Една таква црта е замената на силните ерови, како: Ъ > о, Ь > е сон, темно. Оваа промена настанала во X век и е доста застапена во старословенските текстови од македонско потекло. За разлика од македонскиот, во српскиот и хрватскиот јазик овие ерови се слеале во еден глас- а сан, дан, а додека во бугарскиот се слеале во Ъ со таа разлика што пред Ь се чувал мекиот изговор на согласката сън, дън.

Македонскиот јазик покажал и посебен развиток и во однос на назалните согласки. Тука се појавила вокализација на еровите и промената на назалните согласки се хронолошки и по резултат одделни појави. Притоа, единствено во македонскиот јазик дошло до изедначување на Ѧ со Ѣ, по губењето на назалниот призвук, така што во текстовите од XII век и XIII век се наоѓале пример како: п Ѧ тель за п Ѣ тель, с Ѣ м Ѣ за с Ѣ м Ѧ и сл. Со други зборови овој развиток одел вака: Ѧ > Ѣ ä> е. Во некои западномакедонски говори, особено во Поградец и Горица во Албанија, сѐ уште е зачуван изговорот со ä, па така имаме: рʲäка за река.

Македонскиот јазик во пописната регулатива на САД

Во инструкциите за попишувачите во САД се наведува македонскиот јазик во различен контекст. Така на пример:

  • Во пописните инструкции од 1930 година македонскиот јазик повторно е на листата со странски јазици како посебен јазик.
  • Во пописните инструкции од 1910 година, во секцијата "ABILITY TO SPEAK ENGLISH" став 137. стоело Do not write "Macedonian," but write Bulgarian, Turkish, Greek, Servian, or Roumanian, as the case May be. ", - "Не пишувајте македонски, пишувајте бугарски, турски, грчки, српски или романски, според случајот."
  • Во пописните инструкции од 1920 година, македонскиот јазик е додаден на листата со странски јазици како посебен јазик.

Со анализа на овие пописни инструкции може да се заклучи дека до 1910 година постоело едно гледиште во американското општество во врска со македонскиот јазик, а од 1920 година администрацијата го подржува гледиштето дека македонскиот јазик е засебен јазик кој го говорат некои од емигрантите од Европа. Подоцна во листата "C2SS Language Codes" на македонскиот јазик му е придружен кодот 2630.

                                     

2. Географска распространетост

Иако точниот број на говорители на македонскиот јазик како мајчин и како втор јазик не е точно познат, особено поради полисите на соседните држави и емиграција на населението, се претпоставува дека има помеѓу 1.4 милиони и 3.5 милиони кои го говорарт македонскиот јазик како мајчин. Според пописот во 2002 година, целосното население на Македонија било 2.022.547 жители, од кои 1.344.815 жители го пријавиле македонскиот како мајчин јазик. Македонскиот јазик се изучува и се зборува на различни степени како втор јазик од страна на сите етнички малцинства во државата. Втор јазик е за околу 677.733 граѓани во Македонија, односно припадниците на малцинствата во државата иако меѓу овие има голем број луѓе каде јазикот им е мајчин, особено меѓу Македонците-муслимани.

Надвор од Македонија, има мали етнички македонски малцинства во соседните држави кои го говорат македонскиот јазик како мајчин, вклучувајќи и 4.697 во Албанција попис од 1989, 1.609 во Бугарија попис од 2011 и 12.706 во Србија попис во 2011. Точниот број на говорители на македонскиот јазик во Грција е тежок да се определи поради полисите во државата. Бројот на словенски говорители се претпоставува дека бил помеѓу 50.000 и 300.000 во последната деценија на 20-от век. Околу 580.000 Македонци живеат надвод од државата според проценки од 1964, а најголем број мигранти има во Австралија, Канада, и САД. Бројот на говорители на македонски јазик во овие држави изнесува 66.020 во Австралија според пописот во 2016, 15.605 во Канада според пописот во 2016 и 22.885 во САД според пописот во 2010. Има повеќе од 50.000 говорители на македонски како мајчин во државите од Западна Европа, главно во Германија, Швајцарија и Италија.

Македонскиот јазик има официјален статус само во Македонија, но е признаен како малцински и службен јазик во делови од Албанија Пустец, Романија, Србија Јабука и Пландиште и Босна и Херцеговина. Има провизии македонскиот јазик да се изучува во некои училишта во Романија поради тоа што Македонците се официјално призната малцинска група. Во Косово, се зборува горанскиот дијалект кој некои јазичари го сметаат за македонски.

Македонскиот јазик е изучуван и предаван во различни универзитети шурум светит и постојат истражувачки центри чија главна фокус е јазик низ Европа како и Австралија, Канада и САД Чикаго и Северна Каролина.

                                     

3. Кодификација

Кодификацијата на македонскиот јазик е поврзана со следниве историски настани:

  • со официјалното усвојување на македонската азбука
  • со официјалното усвојување на македонскиот правопис
  • со решението на првото заседание на АСНОМ 2 август 1944 за воведување на македонскиот како службен јазик во македонската држава

Македонската државност се зацврстува со историските решенија на Првото заседание на АСНОМ. Меѓу тие решенија од особено значење е Решението за воведување на македонски литературен јазик како службен во македонската држава.

Исто така, Президиумот на АСНОМ, како највисоко тело на македонската држава, во ноември 1944 година назначил комисија составена од македонски филолози и од општествени дејци кои требало да поднесат предлог за азбука и за правопис на македонскиот јазик. Прашањето за азбуката и правописот се решило во мај 1945 година. Заедно со ова прашање, членовите на комисијата разгледале повеќе прашања од особено значење за оформувањето на македонскиот литературен јазик.

Кодификацијата на македонскиот литературен јазик ја одразува македонската јазична практика. Блаже Конески има значаен придонес за кодификацијата на македонскиот литературен јазик и за стандардизацијата на литературно-јазичната норма.

Македонскиот јазик има сличности со другите словенски јазици, а најмногу со бугарскиот и српскиот јазик. Македонскиот и бугарскиот јазик се единствените од групата на словенски јазици кои со текот на развојот ги изгубиле падежните форми, а од нив останат е само вокативот Македонијо; мајко; професоре итн., како и во некои зборчиња него; нему; скришум итн.

За македонскиот јазик, Р. Г. А де Бреј вели:



                                     

4. Македонистика

Македонистиката е наука која ги проучува развојот, правописот и другите карактеристики на македонскиот јазик. Почетоците на македонистиката се поврзани со политичките состојби на Балканскиот Полуостров во времето на османлиското владеење. Поради територијалните претензии на новосоздадените словенски држави Србија и Бугарија кон Македонија, кај нив се јавила потребата за докажување на културната поврзаност на населението на Македонија со она во нивните држави. Притоа македонистиката во најголем дел се развива како дел од политичките спорови околу припадноста на Македонците, а со тоа и припадноста на териториите коишто тие ги населуваат.

Својот вистински расцут македонистиката го доживува по обновувањето на македонската државност во 1944 година. Со кодификацијата на современиот македонски литературен јазик и основањето на низа образовни и научни установи чиј основен предмет на изучување е македонскиот јазик, се создаваат сите услови за непречено и објективно развивање на македонистиката како дел од светската јазичаричка наука.

                                     

5. Книжевност

Македонската книжевност или литература е поим кој ги опфаќа пишаните дела на македонски јазик. Првите книги напишани на македонски јазик или на некој од неговите дијалекти датираат од времето на Македонската рецензија на старословенскиот јазик, поточно од периодот на Охридската и Лесновската книжевна школа, која воглавно била религиска книжевност.

Македонската книжевност е поделена на три големи периоди, кои понатака се делат на уште неколку. Периодите на македонската книжевност се:

  • Стара македонска книжевност - IX до XVIII в.
  • од христијанизацијата на Македонија до турската инвазија - IX до XIV в.
  • од турската инвазија до XVIII век
  • меѓувоен период
  • револуционерен период
  • Нова македонска книжевност - 1802 до 1944
  • преродбенички период
  • Модерна македонска книжевност - 1944 - денес
                                     

6. Дијалекти и дијалектологија

Македонската дијалектологија е посебна развиена гранка на македонистиката која се занимава со проучување, истражување, документирање и зачувување на македонските дијалекти. Како стабилна научна дисциплина во македонистиката, дијалектологијата се развила после кодификацијата на македонскиот јазик, но нејзиното присуство се забележува и пред 1940-те години. Дијалектологијата на македонскиот јазик е постара дисциплина и датира уште од првите научни трудови кои се занимавале со македонскиот јазик или од втората половина на XIX век. Како позначајни македонски дијалектолози се забележуваат Ватрослав Јагиќ, Ватрослав Облак, Виктор Григорович, Мјечислав Малецки, Зузана Тополињска, Божидар Видоески и други.

Дијалектите на македонскиот јазик се варијации на стандардниот литературен јазик. Македонскиот јазик брои околу 27 дијалекти поделени во три главни групи. Главната граница помеѓу двата блока источните и западните дијалекти е планината Скопска Црна Гора, продолжува со реката Вардар па сè до Егејското Море Бело Море. Главна особина за западните дијалекти е побавниот тоналитет на дијалектите, користење на тројниот член и акцентот паѓа на третиот слог од крајот на зборот. Заедничка особина за источните дијалекти е побрзиот тоналитет на зборување, кратење на зборови и променлива позиција на акцентот. Дијалектите се зборуваат на цела територија на Република Македонија, Пиринска Македонија, Егејска Македонија Беломорска Македонија, Мала Преспа и Голо Брдо и југозападно Косово. Македонскиот јазик, со сите негови дијалекти има над 3 милиони говорници.



                                     

7. Карактеристични особини

Карактеристични особини на македонскиот јазик се:

  • третосложниот акцент `планина; пла`нината; плани`нарите
  • минато-идно време Те отепав, кога ќе те фатам!
  • двоен предмет него го видов; неа ја сакам
  • минато време со помошниот глагол СУМ + глаголска придавка не сум сменет; не сум јаден
  • минато време со помошниот глагол ИМА имам видено; немам јадено
  • немањето падежи т.е. аналитичката деклинација преку користењето на предлозите при искажувањето на различни граматички поврзаности помеѓу различни делови на реченицата на книгата; за книгата; во книгата; под книгата; со книгата
                                     

8. Правописен и правоговорен систем

Залагањето за создавање на македонски литературен јазик датира уште од почетокот на XIX век, со појавата на просветителите. Тие се застапувале за употреба на македонски народен јазик, на кој ги пишувале своите книги и текстови, а првите книги се со религиска содржина за да ја приближат верата до народот.

Од големо значење се залагањата на Јоаким Крчовски, Кирил Пејчиновиќ и Теодосиј Синаитски, а посебно се истакнуваат Ѓорѓија Пулевски и Крсте Петков Мисирков, кој во својата книга "За македонцките работи" одвојува статија во која ги изјавува своите ставови за начинот на формирање на македонски литературен јазик. На Првото заседание на АСНОМ, 2 август 1944, е донесен решение за воведување на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава. Комисијата за азбука и правопис своите ставови ги формулирала во Резолуција, донесена на 3 мај, а усвоена на 5 мај 1945 година. Заслугата на Блаже Конески за кодификацијата на македонскиот литературен јазик е во тоа што создал "Граматика на македонскиот литературен јазик", "Речник на македонскиот литературен јазик", како и "Правопис на македонскиот литературен јазик", подготвен заедно со Крум Тошев, кој е озаконет на 7 јуни 1945 година.

Низ историјата и низ својот развој, македонскиот јазик користел неколку писма за пишување. Така, македонскиот јазик користел повеќе писма меѓу кои: старомакедонската азбука, глаголицата, црковнословенската кирилица, илинденската азбука и преродбеничката азбука. Денес македонскиот јазик користи македонска азбука, односно кирилска азбука приспособена на македонскиот фонетички и фонолошки систем. Македонската азбука е заснована на реформите и азбуката на Крсте Петков Мисирков.

                                     

9. Фонетски и фонолошки систем

Фонетика и фонологија

Фонетиката и фонологијата се делови од науката за јазикот кои го проучуваат гласовното рамниште на јазикот. Тие се сродни науки, тесно поврзани една со друга и се дополнуваат меѓу себе. Во принцип, фонетиката го проучува создавањето на гласовите со говорните органи, познато како артикулација, и нивните звучни својства или гласови, познати како акустика. Од другата страна пак, фонологијата го проучува гласот како елемент кој има функција во јазикот да прави разлика меѓу две јазични единици. Со други зборови, фонологијата може да се нарече функционална фонетика. Двете науки во својот центар на внимание го имаат гласот и неговото формирање. Во тесна врска со овие две науки се правописот и правоговорот. Фонетиката и фонологијата ги изучуваат следните дисциплини: гласот и фонемата, говорните органи, поделбата на гласовите, гласовните промени, акцентот, акцентот на сложенките, отстапување од акцентското правило, акцентот на туѓите зборови и акцентските целости.

Гласовен систем

Во македонскиот јазик самогласките се: а, е, и, о, у, додека согласките се останатите 26 гласови од македонскиот фонетски систем. Карактеристики на гласовите во македонскиот јазик се едначењето по звучност, обезвучувањето на крајот од зборот, удвојувањето на согласки и елизијата.

Самогласки

Согласки

Писмо

Македонската азбука е официјалната азбука во Република Македонија и единствено писмо за пишување на јазикот. Азбуката е заснована на кирилицата со мали прилагодувања согласно на фонетскиот и фонолошкиот систем на јазикот. Азбуката има 31 буква и е заснована на преродбеничката азбука на Крсте Петков Мисирков.

Акцент

Македонскиот акцент е динамичен или експираторен и определен. Македонскиот акцент секогаш паѓа на третиот слог од крајот на зборот за третосложни или повеќесложни зборови, на вториот слог на двосложни зборови и на единствениот слог кај едносложните зборови. При зголемување на бројот на слоговите кај еден ист збор, акцентот го менува слогот, при што пак се води сметка тој да биде на третиот слог од крајот на зборот. Така имаме: учител - учителот - учителите и сл. Во македонскиот јазик има отстапувања од третосложното акцентирање во следниве случаи:

  • кај прилозите за време: годинава, летово итн.
  • кај туѓите зборови: клишé, генéза, литератýра итн.
  • кај глаголските прилози: викáјќи, одéјќи итн.
                                     

10. Морфолошки систем

Морфологијата во македонскиот јазик" и во останатите јазици е дел од лингвистиката која се занимава со проучување на формите на зборовите, нивното градење и граматички значења. Самиот збор е од старогрчко потекло и во превод значи наука за формите. Главната цел на морфологијата е да ја проучува структурата на зборовите и правилата и принципите според кои самите зборови се обединуваат во групи. Многу сродна наука на морфологијата е морфосинтаксата на македонскиот јазик која се занимава со употребата на зборовите во реченица.

Зборот во секој јазик, така и во македонскиот е изграден од неколку различни елементи. Некои од нив имаат значење односно се лексички, а некои немаат значење и се граматички или функционални. Како пример за ова може да се разгледа зборот "млекар" поделен на неколку начини:

  • млек + ар - низа на значенски делови наречени морфеми
  • мле + кар - низа на слогови
  • м + л + е + к + а + р - низа на гласови или познати како фонеми

Зборовите во секој јазик претставуваат одделни единки, но според некои карактеристики тие се поврзани меѓу себе, формирајќи помали или поголеми групи. Така, тие можат да бидат поврзани според значење, според форма, според службата во реченицата итн. Така поврзаните зборови создаваат зборовни групи или класи. Во науката за јазикот има различен број класификации, но најчести се значенската или семантичка, формалната или морфолошка и функционална или синтаксичка класификација.

Според морфолошката класификација, единаесетте зборовни групи се класифицираат во две групи и тоа на менливи и неменливи зборовни групи. Менливите зборовни групи ја менуваат својата форма заради морфолошките потреби, а неменливите не. Менливите зборови ги опфаќаат: именките, придавките, броевите, заменките и глаголите, додека неменливите ги опфаќаат прилозите, предлозите, сврзниците, честичките, извиците и модалните зборови.

Според синтаксичката класификација зборовите се делат на полнозначни или отворени зборовни групи и службени или лексички и службени или функционални зборови. Во полнозначните се вметнуваат именките, придавките, броевите, заменките, глаголите, прилозите и модалните зборови, додека во службените се вметнуваат предлозите, сврзниците, честичките и извиците. Во вистинска самостојност се изделуваат именките, глаголите и дел од заменките именските, а другите самостојни зборови имаат ограничена синтаксичка независност.



                                     

11. Синтаксичен систем

Основна единица на синтаксата е реченицата. Врз реченицата е осврнато вниманието на синтаксата. Понатака реченицата може да е подели на две големи групи, односно проста и сложена реченица. Простите и сложените реченици во македонскиот јазик се составени од именски групи или наречени синтагми, но и од останати елементи како глаголи или прилози. Сите овие наведени елементи функционираат во најсложената јазична форма наречена врзан текст.

Следниот пример сликовито го презентира составувањето на врзаниот текст почнувајќи од најмалите единици:

бран → голем бран → На крајбрежјето на Охридското Езеро се забележуваат големи бранови. → Гледајќи и фотографирајќи од Самоиловата тврдина, забележав дека големи бранови се приближуваа кон охридското крајбрежје. → Едно утро решив да се искачам на Самоиловата тврдина и да сликам фотографии по не знам кој пат. Иако одењето по старите и делумно стрми улици е тешко јас успеав и се искачив. Гледајќи и фотографирајќи од Самоиловата тврдина забележав дека големи бранови се приближуваа кон охридското крајбрежје.

Според ова, опширно основните синтаксички единици се:

Реченицата, било да е проста или проширена, е синтаксичка единица што содржи глагол со лична форма, како и останати елементи од кои најчести се именските делови. Именската група или синтагмата се среќава во рамките на сите членови на реченицата, освен во прирокот. Основен белег е тоа што мора да има именка во самата структура по која и го носи името оваа синтаксичка категорија. Сложената реченица е еден вид резултат на поврзување на најмалку две одделни реченици, што како резултат на тоа мора да содржи најмалку две самостојни личноглаголски форми. Врзаниот текст е надреченична целина кој содржи повеќе реченици ги опфаќа сите претходно наведени елементи.
                                     

12. Фразеолошки систем

Зборовните групи кои во јазикот се користат како една целина се нарекуваат фразеологизми, кои имаат посебни јазичарички карактеристики и вредности. Во реченицата зборовите можат да се поврзуваат, да се здружуваат во целости од различен вид. Така на пример, зборот орев може да оди со повеќе придавки како на пример "голем орев" или "мал орев", со глаголи како на пример "јаде орев, купува ореви" и слично. Ова доведува до општите принципи на фразеологијата каде зборовите во реченицата можат слободно да се здружуваат односно да се наоѓаат во слободна врска. При ваква врска секој од зборовите си го задржува своето посебно значење, така што значењето на составот е еднакво на збирот на значењата на зборовите што влегуваат во тој состав.

Во македонскиот јазик зборовните состави можат да се наоѓаат и во неслободна врска, односно постојана врска. Така на пример, зборот орев во реченицата "Ова е тврд орев, не се крши со заби" и зборот орев во реченицата "Ќе бидеме тврд орев за нашиот утрешен противник" нема исто значење. Во составите на овој вид ослабува одделното значење на зборовите и се формира едно ново значење кое не е збир на значењата на составните елементи.

                                     

13. Ономастички систем

Ономастика по дефиниција е наука која ги проучува сопствените имиња. Самиот збор ономастика потекнува од грчкиот глагол "onomadzo" што во превод значи "именувам". Ономастиката е релативно нова јазичаричка дисциплина. Во Македонија и македонистиката почнала да се развива и да бележи конкретни резултати во XIX век. Самата научна дисциплина долго време се сметала за дел од останати науки како на пример географија, историја, етнографија и слично.

                                     

14. Поврзано

  • Дијалекти на македонскиот јазик
  • Развојот на македонската азбука
  • Македонска азбука
  • Правопис на македонскиот јазик
  • Граматика на македонскиот јазик
  • Историја на македонскиот јазик
                                     

15. Надворешни врски

Документи
  • LEvangeliaire de Kulakia Un parler Slave du Bas-Vardar, Andre Mazon et Andre Vaillant - 1938, на француски јазик
  • Documents, Contes et Chansons Slaves de lAlbanie du Sud, Andre Mazon - 1936, на француски јазик
  • Речник на три јазика, Ѓорѓија Пулевски - 1875
  • Zur Sprachlichen Beurtellung der Macedonischen slaven,Leonhard Masing - 1890, на германски јазик
  • Dwie gwary macedońskieSuhe i Wysoka w Soluńskiem – Teksty, Mieczysław Małecki - 1936, на полски јазик
  • MACEDONISCHEN STUDIEN, Vatroslav Oblak - 1896, на германски јазик
  • Un Lexique Macédonien du XVI siècle француски
  • Македонски правопис со правописен речник, Блаже Конески и Крум Тошев - 1950
  • Zur Laut- und Akzentlehre der Macedonischen dialekte,Leonhard Masing - 1891, на германски јазик
  • Македонска граматика, Круме Кепески - 1946
  • Dwie gwary macedońskieSuhe i Wysoka w Soluńskiem – Teksty, Mieczysław Małecki - 1934, на полски јазик
  • Граматика на македонскиот јазик, Виктор Фридман - на англиски
  • Grammar of the Macedonian Literary Language, Horace Lunt - 1952, на англиски јазик
  • За македонцките работи, Крсте Петков Мисирков - 1903
  • Абецедарот - 1925, Атина
За македонски јазик
  • Центар за изучување на македонскиот јазик
  • Дигитален архив на македонскиот јазик
  • Македонскиот јазик во развојот на словенските литературни јазици, Блаже Конески
  • Дигитален речник на македонскиот јазик, Толковник
  • Македонскиот јазик, Совет за истражување на југоисточна Европа на МАНУ
  • Историја на македонскиот јазик,1986, Блаже Конески
  • Блог за учење Македонски јазик на англиски
  • Институт за македонска книжевност литературна база
  • Дијалекти на македонскиот јазик - Божидар Видоески - МАНУ Скопје 1999, ISBN 9989649634 Том
  • Македонскиот јазик во јавното општење, Марија Коробар-Белчева
  • The Macedonian Language на англиски
  • Извештај на Ethnologue за македонскиот јазик на англиски
  • Абецедарот, латиничен буквар за Македончиња, издаден од Министерството за образование на Кралството Грција, 1925 година
  • Учи македонски online
  • La Macédoine et les Macédoniens Едмон Бушје де Бел, Париз, 1922 на англиски
                                     
  • однесува на институтот за македонски јазик За истоимениот деец, погл. Крсте Петков Мисирков. Институт за македонски јазик Крсте Мисирков - регулативно
  • Македонски јазик е научно списание за македонскиот јазик македонистиката и развојот на македонскиот јазик кое денес го издава Институтот за македонски
  • Македонска Википедија - издание на Википедија на македонски јазик Ова издание е почнато во септември 2003 г. и моментално има 113.870 статии и 94.154
  • Старомакедонски јазик или античкомакедонски јазик - јазикот на античките Македонци. На овој јазик зборувало населението во Античка Македонија, во текот
  • знаковен јазик Закон за употреба на знаковниот јазик на Викиизвор. Македонската знаковна азбука на страницата на НСГНМ. Македонски знаковен јазик на страницата
  • Димитар Пандев, Лилјана Минова - Ѓуркова, Живко Цветковски 2001 Македонски јазик за средно образование. Скопје: Просветно Дело АД. стр. 222 и 224. Недостасува
  • литературен македонски јазик кој се темели на прилепско - битолскиот дијалект. За другите дијалекти, видете Дијалекти на македонскиот јазик Македонскиот јазик има
  • Формите на можниот начин се застапени во стандардниот и дијалектниот македонски јазик но се забележува поголема присутност во стандардниот. Обично овие
  • Гордана Војнеска уред. Правопис на македонскиот јазик изд. 2. Скопје: Институт за македонски јазик Крсте Мисирков ISBN 978 - 608 - 220 - 042 - 2.CS1 - одржување:
  • претставен новиот правопис на македонскиот јазик подготвен од 48 учесници, а објавен од Институтот за македонски јазик Крсте Мисирков Во 2017 г. излегло
  • албанскиот јазик би станал еден јазик со два официјални дијалекти. Инаку, лексичкиот фонд е главно латински, италијански, романски, грчки, македонски српски
Македонски песни (збирка од 1955 г)
                                               

Македонски песни (збирка од 1955 г)

Збирката содржи вкупно 18 песни сите разработени и хармонизирани за мешан хор, за тригласен женски хор, за машки хор. Застапени се песните: "Шар Планина народна песна", "Кажи дилбер Стано", "Ајде слушај Анѓо", "Млад Манула мост ми прави", "Зарумбале тупаните", "Пошол Павле да се жени", "На лојзе појдов", "Тргна моме за вода", "Легна моме на одрето" и др.

Users also searched:

сербский язык, турецкий язык, югославский шрифт брайля,

...
...
...