Топ-100
Back

ⓘ Институт за јавно здравје е институција на Република Македонија која има фунција заштита и превентива на населението од болести. Институтот е важна мултидисципл ..




Институт за јавно здравје
                                     

ⓘ Институт за јавно здравје

Институт за јавно здравје е институција на Република Македонија која има фунција заштита и превентива на населението од болести. Институтот е важна мултидисциплинарна, научна и наставна установа, која дејствува во областа на превентивната медицина во Македонија со тендеција да прерасне во референтна и меѓународно стручно призната институција.

                                     

1. Историја

Бил формиран како Завод за тропски болести во Скопје, на 10 јануари 1925. Потоа бил преименуван како Хигиенски завод, чија функција била заштита и унапредување на здравјето на луѓето. Формиран бил под покровителство на д-р Andrija Štampar и со учество на Рокфелеровата фондација во Скопје. Оваа медицинска установа од превентивен карактер дејствувала во услови кога главно обележје на националната патологија во тој период биле заразните болести.

Во времето на Втората светска војна постоел под името Областен хигиенски институт во Скопје 1941-1945, а потоа под името Бактериолошко-хемиски институт. Од 1953 година функционирал како Централен хигиенски завод - Скопје, а од 1962 е преименуван во Републички завод за здравствена заштита.

Во 2010 е преименуван во Институт за јавно здравје на Република Македонија.

                                     

2.1. Организациона структура Регионални заводи

РЗЗЗ се состои од 10 општински заводи, со кои се опфаќа целата територија на Македонија:

  • ЗЗЗ Струмица
  • ЗЗЗ Кочани
  • ЗЗЗ Штип
  • ЗЗЗ Битола
  • ЗЗЗ Прилеп
  • ЗЗЗ Охрид
  • ЗЗЗ Велес
  • ЗЗЗ Тетово
  • ЗЗЗ Куманово
  • ЗЗЗ Скопје
                                     

2.2. Организациона структура Сектори

РЗЗЗ има 5 сектори и тоа:

  • Сектор за епидемиологија и микробиологија кој ја води, ја обединува и координира епидемиолошко-микробиолошката дејност во републиката и укажува стручно-методолошка помош. Составен е од 5 одделенија

1. одделение за заразни болести,

2. одделение за тропски и карантински заболувања и СИДА,

3. одделение за вирусологија,

4. одделение за бактериологија и

5. одделение за паразитологија

  • Сектор за хигиена и заштита на човековата околина кој претставува статутарно определена организационо-техничка единица на Републичкиот завод за здравствена заштита. Стручната активност на овој сектор претставува основна карика на националната политика во областа на превентивно-медицинската, пред сè здравствено-еколошката дејност во Македонија. Функционирањето на секторот се одвива преку следните организациони единици

1. Одделение за радиациона дозиметрија

2. Одделение за хигиена на води и комунална хигиена

3. Одделение за испитување на здравствена исправност на водите

4. Одделенбие за хигиена на исхрана

5. Одделение за контрола на квалитет на прехранбени производи

6. Одделение за контаминети и екотоксикологија

7. Одделение за испитување на здравствената исправност на предмените за општа употреба

8. Одделение за радиоекологија

9. Одделение за медицина на трудот

10. Одделение за храна и диететско советувалиште

  • Сектор за социјална медицина чија дејност е остварување на програмски, научно-истражувачки и воспитни активности. Се состои од 5 одделенија

1. Одделение за организација, планирање и развој на здравствената дејност

2. Одделение за здравствена статистика и информатика во здравството

3. Одделение за здравствено воспитание, историја на медицината и публицистика

4. Одделение за економика во здравствотo

5. Одделение за контрола и превенција на повреди и насилство

  • Сектор за контрола и испитување на лекови кој врши лабораториски испитувања хемиски, микробиолошки и биолошки на лекови, помошни лековити средства и медицински помагала. Составен е од 6 одделенија

1. административен дел

2. одделение за регистрација

3. физико-хемиска лабораторија

4. биолошка лабораторија

5. микробиолошка лабораторија

6. биохемиска лабораторија

  • Сектор за правно и финансиско работење


                                     
  • завод за здравствена заштита. Со здравствените реформи и развојот на научната дејност институцијата се ребрендира во Институт за јавно здравје во чиј
  • Филозофски факултет: Институт за јавно здравје и општество, 2010, 347стр. ISBN 978 - 608 - 4508 - 54 - 0 Саркањац, Бранислав. Јавно здравје и здравствена реформа:
  •  22 ноември 2017 г Бактериологија на Ризницата ? Лабораторија за бактериологија и антимикробна резистенција - Институт за јавно здравје на Македонија
  • Култура и Политика приредувач 359 - Мрежа за локални и субалтерни херменевтики, Скопје, 2000. Јавно здравје и здравствена реформа - Политички и социолошки
  • обезбедено за формирање на Центарот за истражување на хранливи материи, генетика и метаболизам Сабри Улкер на Факултетот за јавно здравје ТХ Чан. Центарот
  • Control and Prevention. Посетено на 2016 - 07 - 07. Институт за јавно здравје на Република Македонија, Информации за повреда на работа во 2016 2017 година, Скопје
  • Индија, Првата светска војна предизвикала кај него голем душевен немир и тој јавно ја осудил крвавата бесмислица По завршувањето на војната ја напуштил
  • 1998 година иницирала републичка кампања насловена За подобро орално здравје за поздрави заби Публицистичкиот опус на Бона Бајрактарова опфаќа над
  • факултети и два институти Институт за инженерска економија и Институт за култура и уметност Универзитетот има програми за стипендирање на сите факултети
  • на неорганскиот арсен за околу една третина, заедно со мало намалување на содржината на витамин Застапниците за јавно здравје засновани на докази, исто

Users also searched:

...
...
...