Топ-100
Back

ⓘ Право на животната средина. Законот за животна средина е сложенo и испреплетено тело од договори, конвенции, статути, прописи и вообичаено право, кој поопширно, ..




                                               

Лукреции

Лукреција е полу-божествена личност од Римската историја. Освен на тоа, поимот Лукреција може да се однесува и на: Луѓе: Лукреција, моќна фамилија од времето на Римската Република Лукреција Борџија 1480-1519, вонбрачна ќерка на папата Александар VI Лукреција Марија Дејвидсон 1808-1825, американска поетеса Лукреција Мот 1793-1880, социјален реформатор и поборник за правата на жените Лукреција Едвардс 1916-2005, активист за заштита на животната средина Лукреција Хејл 1820-1900, американска писателка Лукреција Гарфилд 1832-1918, сопруга на американскиот претседател Џејмс Гарфилд Други значења ...

                                               

Мајански биосферен резерват

Биосферен резерват Маја е природен резерват во Гватемала со кој управува Националниот совет на заштитени подрачја на Гватемала. Резерватот за биосфера Маја зафаќа површина од 21.602 км², една петтина од вкупната површина на земјата. Паркот е дом на голем број видови фауна, вклучувајќи го Мексиканкиот крокодил и окелираната мисирка. Тоа е исто така богата со флора вклучувајќи махагони, Bloma prisca, кедар, Bucida buceras, Haematoxylum campechianum, Rhizophora маш и Pimenta dioica. Областа се движи од мочуришта, до ниски планински масиви и има неколку водни тела, вклучувајќи езера, реки, пот ...

Право на животната средина
                                     

ⓘ Право на животната средина

Законот за животна средина е сложенo и испреплетено тело од договори, конвенции, статути, прописи и вообичаено право, кој поопширно, управува со регулирање на интеракцијата на човештвото со остатокот од биофизичкaта или природната средина, со цел да се намали влијанието на човековата активност, како врз природната средина така и врз самото човештво. Темата може да се разгледува од две главни точки: контрола на загадувањето и подобрување на работата, зачувување и управување со ресурси. Законите кои управуваат со загадувањето често се ограничени, т.е. се однесуваат само на еден елемент на животната средина, како што се воздухот, водата, почвата, итн – и го контролира емитувањето на загадувачки материи врз елементот, како и одговорноста за надминување дозволени емисии и обврската за расчистување. Законите во врска со одржувањето и управувањето со ресурси, генерално се фокусираат на еден ресурс - на пример, природните ресурси како што се шумите, на минералните наоѓалишта или животински видови, или неопипливи ресурси, како што се посебните сценски области или области со висока археолошка вредност - и обезбедуваат насоки поврзани со заштита, пренос и искористување на тие ресурси. Овие области не се исклучуваат меѓусебно - на пример, законите кои управуваат со загадувањето на водата во езерата и во реките, исто така, може да се однесуваат и на сочувување на рекреативни вредност на овие водни тела. Исто така, голем број закони кои не се исклучиво "еколошки”, сепак, вклучуваат значајни компоненти на животната средина и интегрираат еколошките политички одлуки. Општински, државни и национални закони кои се однесуваат на развојот, искористување на земјиштето и инфраструктурата се примери за ова.

Законот за животна средина е изготвен според принципите на животната средина, вклучувајќи ја и екологијата, заштитата, раководството, одговорноста и одржливоста. Законот за контрола на загадувањето генерално се наменети често со различен интензитет за заштита и зачувување на природната и животната средина и здравјето на луѓето. Законите за заштита на ресурсите и управување воглавно ги балансираат повторно, често со различен интензитет придобивките од заштитата и економска експлоатација на ресурсите. Од економски аспект законите за животната средина можат да бидат сфати дека се однесуваат на навремена заштита на моменталните и идните ефекти на прелевање и заштита на заедничките ресурси од поединечните исцрпувања. Ограничувања и трошоци кои таквите закони може да ги наметнат на трговијата, и на често неизбројливата немонетарна корист од заштита на животната средина, создаваат и продолжуваат да создава значителни контроверзии.

Со оглед на широкиот опсег на законот за животна средина, не е можно да има целосно конечен список на еколошките закони. Следниве дискусии и ресурси му даваат широчината на законот кој е во "еколошка” метрика.

                                     

1. На меѓународно ниво

Загадувањето не ги почитува политички граници, со што меѓународното право станува важен аспект на законот за животна средина. Цела низа на правно - обврзувачки меѓународни договори сега опфаќаат широк спектар на спорни области, од сувоземното, морското и атмосферското загадување па сè до флората и фауната и заштитата на биолошката разновидност.

Додека органите што предложуваат, тврдат, се договараат за ги усвојуваат постоечките меѓународни договори се менуваат согласно со секој договор, некои конференции - вклучувајќи ги и Конференцијата на ОН за човекова средина од 1972 година, Светската комисија за животна средина и развој од 1983 година, Конференцијата на ОН за животна средина и развој од 1992 година и Светскиот самит за одржлив развој од 2002 година се особено важни.

                                     

1.1. На меѓународно ниво Утврдување на принципи

Развојот на меѓународниот закон за животна средина го има вклучено објаснувањето и усвојувањето на голем број важни водечки принципи. Како и со сите меѓународни закони, меѓународниот закон за животна средина го наметнува прашањето на суверенитетот, взаемноста, па дури и можеби за Златното правило. Други водечки принципи го вклучуваат принципот загадувачот плаќа, принципот на претпазливост, принципот на одржлив развој, еколошки процедурални права, заеднички, но издиференцирани одговорности, интрагенерациска и интергенерациска справедливост, "заеднички интерес на човештвото ”, и заедничкото наследство.

                                     

1.2. На меѓународно ниво Договори, протоколи, конвенции итн.

Меѓународни еколошки договори се генерално мултилатерални или понекогаш билатерални спогодби Поголемиот дел од овие конвенции се справуваат директно со конкретни проблеми од животната средина. Исто така постојат и некои општи договори кои со еден или два параграфи се однесуваат на прашањата за животната средина, но тие се поретки. Денес постојат околу 1.000 договори за законот за животна средина ; Ниту една друга област на правото нема создадено така обемен број на конвенции на одредена тема.

Протоколите се дополнителни договори кои произлегуваат од основниот договор. Можат да се сретнат во многу области на меѓународното право, но се особено корисни во областа на животната средина, каде што може да се користат за редовно вметнување на најновите научни сознанија. Тие исто така дозволуваат земјите да постигнат договор за систем кој би бил спорен доколку секој детаљ треба да биде однапред договорен. Најпознат протокол од меѓународниот закон за животна средина е Протоколот од Кјото.



                                     

1.3. На меѓународно ниво Меѓународно вообичаено право

Меѓународното вообичаено право е важен извор на меѓународното право за животна средина. Ова се норми и правила кои земјите ги следат по обичај и толку се распространети што ги поврзуваат сите држави во светот. Кога одреден принцип станува вообичаено право не е јасен и државата предлага многу аргументи поради кои се смета дека принципот не треба да стане обврзувачки. Примерите за меѓународното вообичаено право во врска со животната средина ја вклучуваат должноста веднаш да ги предупредат другите држави за обележјата на природата на животната средина и за еколошките штета на која друга држава или држави може да биде изложена, и Принципот бр. 21 од Стокхолмската декларација "добрососедство”.

                                     

1.4. На меѓународно ниво Судски одлуки

Меѓународен законот за животна средина исто така го зема во обзир и ставот на меѓународните судови и трибунали. Иако постојат неколку и имаат ограничена одговорност, одлуките имаат големо значење и влијание на развојот на меѓународното еколошко право.

Судовите можат да се поделат на: Меѓународниот суд на правдата МСП; Меѓународниот трибунал за поморски закон МТПЗ; Европскиот суд за правда; Европскиот суд за човекови права и другите регионални договорни трибунали. Одборот за решавање на спорови ОРС кој е во склопот на Светската трговска организација исто така има удел во составувањето на законот за животна средина.

                                     

2. САД

Во секој стратум на законите на Соединетите Американски Држави има закони кои се однесуваат на прашањата за животната средина. Конгресот на САД донесе голем број на значајни режими за упрaвување со животната средина, но и многу други сојузни закони се подеднакво важни, дури и да се помалку сеопфатни. Истовремено, законодавните тела на педесетте држави поминале низ безброј слични закони. До кој степен државните закони за животната средина се засноваат на, или се одалчуваат од федералниот закон се разликува од надлежност до надлежност.

Така, додека за да се наполнат мочуриштата кои не е во федерална надлжност може да се бара дозвола од агенција на одредена земја, за големи и посложени зафати - како на пример, за изградба на електрана што работи на јаглен - може да се бара согласност од бројните федералните и државни агенции.

                                     

2.1. САД Спроведување

Во САД, прекршување на законите за животната средина главни се граѓански прекршоци, што резултираат со парични казни и, можеби, со граѓански санкции како што се судските забрани. Сепак многу од законите за животната средина воведуваат кривични казни за сериозни прекршоци. Често, агенциите за животна средина вклучуваат одделни служби за извршување кои имаат за обврска да ги контролираат дозволените активности, да вршат усогласена истрага, да издаваат цитати и кривично гонење за малверзации граѓански или кривични, во зависност од прекршокот. Службата за потврдување на спроведувањето и усогласувањето која е во склопот на Агенцијата за заштита на животната средина е една таква агенција. Другите, како на пример, Надгледувањето на парковите во Обединетите држави вршат потрадиционални активности за спроведување на законот.

Судските постапки за прекршоци од областа на животната средина често се управувани од страна на агенциите кои се раководат од административнотоуправно право. Во некои случаи, со жалбите се постапува внатрешно на пример, Одборот за жалби поврзани со животна средина кој е во склопот на Агенцијата за заштита на животната средина. Општо земено, за конечните одлуки на агенциите може да се поднесе жалба до надлежниот суд.



                                     

3. Расправа

Неопходни средства

Потребата од директно регулирање на одредена активност, поради еколошките последици од оваа активност, често е предмет на дискусија. Овие дискусии може да бидат научни - на пример, научната несигурност влијае на актуелната дебата во врска со регулацијата на стакленичките гасови, и е главен фактор во дебата околу тоа дали да се забранат пестицидите. и секој нов пропис веројатно ќе придонесе на некој начин на тоа оптоварување. Потешкотии, сепак, се јавуваат при анализирање на трошоци и приходи. Не е лесно да се процени вредноста на еден перспективен екосистем, ниту вредноста на чистиот воздух, различните видови, итн. Освен тоа проблемите поврзани со животната средина може да добијат етичка или морална димензија, која би ги намалила трошоците.

Ефикасност

Интересите на животната средина речиси секогаш ќе се косат со регулирањето на животната средина како несоодветен начин на заштита. Покрај тоа, моќните закони не гарантираат непоколебливост при извршувањето.

                                     

4. Образование и обука

Предметите поврзани со законите за животна средина се понудени како изборни предмети во втората и третата година на студиите за доктор по правни науки во многу американски правни училишта. Наставните програми се разликуваат: воведниот курс може да се фокусира на "големите пет” федерални статути - и можат да бидат понудени во комбинација со предметот кој се однесува на законот за природни ресурси. Пократки семинари можат да бидат одржани за некои попрецизни теми. Некои американски правни училишта, исто така, нудат специјализација за Магистер по правни науки и Доктор по канонско право од областа на законот за животна средина. Покрај тоа, неколку правни училишта одржуваат правни клиники кои се фокусираат на законот за животна средина, им обезбедуваат на студентите можност да се запознаат со законот за животна средина и спорови во реалниот свет поврзани со актуелните клиенти. е мрежа од околу 60 правни училишта во светот, кои се специјализирани за истражување и настава на законот за животна средина.

Меѓународните адвокати од областа на животната средина често добиваат специјализирана обука која се одвива во друга земја од онаа во која го минат првиот модул од правните студии и стануваат Магистри за правни студии.

ЕКОЛЕКС е светски Портал за законот кој се однесува на биоразновидноста и на правните извори поврзани со биоразновидноста.

                                     
  • Физичка географија Поткласа GC - Океанографија Поткласа GE - Науки за животната средина Поткласа GF - Човечка екологија. Антропогеографија Поткласа GN - Антропологија
  • статутот на меѓународниот суд за правда, воспоставена е специјална комора, чија надлежност е да се занимава со прашањата од животната средина Ад хок коморите
  • активност на Банката чии проекти се фокусирани на инвестирање во заштитата на животната средина Во времето на нејзиното основање, основната цел на Светската
  • која се занимава со животната средина и со граѓанските права.. На претседателските избори учествувал врз основа на номинацијата на оваа организација. Тој
  • и другите проблеми. База на меѓународни договори за слатките води. Годишник на меѓународната соработка за животната средина и договори за развојните профили
  • што се модуларното функционирање на мозокот и малкуте сознанија за животната средина на нашите преци важноста на не - генетски и не - адаптивни објаснувања
  • областите на сиромаштијата, образованието, здравството, родовите и животната средина треба да се постигнат до 2015 г. Тоа значи дека остануваат уште само
  • ботаничар. Често се смета за еден од основачите на вирологијата и микробиологијата на животната средина И покрај неговите бројни пионерски и плодни придонеси
  • подземните води и негативни влијанија врз животната средина Една третина од светското население живее во услови на оскудица од вода најмалку месец дена годишно

Users also searched:

состав за животната средина, загадување на животната средина, заштита на животната средина угд,

...
...
...